Полска бара да учествува во преговорите за Украина
Објавено на од во Политика

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда изјави дека на крајот од оваа недела ќе го посети Берлин и ќе бара од германската канцеларка Ангела Меркел, во преговорите за решавање на судирот во Украина покрај САД, да учествува и Полска и останатите соседи на Украина.

„Не можам да замислам во преговорите да не учествуваат моќните европски држави, може да учествуваат САД како светската сила која Русија секако мора да ја зема во предвид како и соседите на Украина, односно тие кои се непосредно заинтересирани за се она што се случува во Украина“, изјави Дуда.

Новиот претседател на Полска рече пред полските медиуми, дека таква поддршка Полска очекува и од претседателот на Украина, Петро Порошенко.

„Уште како евопратеник прашав зошто во тие преговори ја нема Европската унија. Ќе се чувствувам подобро кога на преговарачката маса ќе има претставник на некоја европска институција како учесник во преговорите, а не само Германија и Франција“, рече Дуда.

Според него, на пример, соодветно би било во преговорите да учествува претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×