Полска ги советува своите од Велика Британија да се вратат дома поради Брегзит
Објавено на од во Политика
Амбасадорот на Полска во Лондон, Аркади Жегоцки ги повика своите сонародници, кои живеат во Велика Британија да размислат сериозно за враќање во татковината по Брегзит поради евентуални административни компликации.
poland-flag-20-02-19„Ви советувам сериозно да размислите за можноста да се вратите во сопствената земја“, истакна Жегоцки во писмо до сонародниците во Велика Британија.
Тој побара од полските граѓани, кои живеат во Обединетото кралство, да дејствуваат, барајќи од нив да поднесат барање за статус на постојан престој, во спротивно да размислуваат за враќање во Полска.
Британската Влада предложи статус на постојан престој за европските граѓани, кои сакаат да продолжат да живеат и работат во Британија по Брегзит, кој е планиран за 31 октомври.
„На територијата на Обединетото кралство живеат околу 832.000 Полјаци, но само една четвртина од нив побарале од властите постојан престој“, потврди амбасадорот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×