Полска воведува нов данок за банките, парите ќе ги даде за субвенции за децата
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Банките и осигурителните друштва во Полска од годинава ќе мора да плаќаат данок на активата од 0,44%, што се проценува дека ќе донесе околу 1,1 милијарди долари дополнителни приходи во буџетот. Тоа е една третина од годишниот профит на банките во Полска.

Тие пари, пак, властите најавија дека ќе ги потрошат како субвенции за децата.

Граѓаните во Полска се воодушевени, а банкарите секако негодуваат и коментираат дека новиот данок би можел да го запре растот на кредитите.

Дел од економистите од друга страна, тврдат дека новиот банкарски данок е контроверзен и претставува закана не само за банкарскиот сектор, туку и за целиот економски раст.

„Новиот данок може да го загрози растот на кредитите бидејќи ја намалува акумулацијата на капитал во банките, што негативно ќе се одрази на економијата на Полска, резултирајќи со забавено темпо на раст на бруто домашниот производ“, предупреди американската рејтинг агенција Мудис,а пренесе Франс Прес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×