Полска започна да продава марихуана за медицински цели
Објавено на од во Економија

Полска официјално започна да продава марихуана за медицински цели. Марихуаната веќе може да се купи во полските аптеки, но за тоа е потребна рецепта од лекар. 

medical_marijuana_11612032

„Досега имавме закон со кој се доволуваше користењето на медицинската марихуана, но немавме лекарства. Ова е почеток на нова ера на пациентите“, вели Јежи Јарош, анестезиолог и болнички специјалист во болницата Св. Кшишов во Варшава.

Досега пациентите требаше да внесуваат лекарства од странствп, што  скапа комплицирана и процедура која одзема многу време.

„Законот во Полска не содржи затворен список на медицински состојки при кои може да се препише канабис. Очекуваме дека околу 60% од производите ќе завршат кај пациенти со хронична болка, на пример поврзани со рак или мигрена, а останатите кај пациенти со склероза или епилепсија, заедно со други заболувања, рече Самија Ал Хамери, фармацефт од Спектрум Канабис – канадска компанија која ги снабдува аптеките во земјата.

Кога веќе не постои фиксиран систем за употреба на лекарството во полското законодавство, постојат серизни опасности дека лекарството може да биде злоупотребено, посебно затоа што се смета дека лекарите ќе го препишуваат по сопствена проценка, на кого и колку ќе му препишат.

„Очекувањата се огромни, но тој лек е само за неколку типа на пациенти. Само 15% од пациентитте ми одговараат на условите за користење на тој метод на лекување, и тоа само во услови кога сите други методи с епокажале како неуспешни“, вели д-р Јарош.

Иако рецептата може да биде препишана од секој лекар, еден грам медицинска марихуана ќе чини 65 злоти (15 евра), а лекарството нема да се чува на местото на издавање. Пациентите ќе треба да ја предадат рецептата во аптеката, која пак ќе ја порача количината од трговец на големо.

Друг проблем исто така е тоа што освен рецептата, засега не се чува никаква документација за пациентите да можат да докажат дека им била препишана медицинска марихуана. Тоа би можело да им биде проблем ако ги запре полиција и им најде марихуана во нив.

„Можеби рецептата од аптеката ќе им биде доволен доказ“, вели д-р Јарош.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×