Помина Преспанскиот договор во грчкиот парламент
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Parlament Grcija

Изгласан Преспанскиот договор во грчкиот Парламент со 152 гласа “за”, 146 гласа “против” и еден воздржан. Со овој чин се отвара патот за членство на Македонија во НАТО и Европска Унија и се рашава тридеценискиот според помеѓу Грција ои Македонија, кој ја блокираше земјата во евроинтеграцските процеси. Договорот меѓу другото предвидува новото име на државата да биде Република Северна Македонија.

Пратениците во грчкиот Парламент се изјаснуваа поединечно на прашањето дали се „за“, „против“ или „воздржани“ за ратификација на Договорот од Преспа. Дебатата во Парламентот траеше точно 38 часа и 30 минути, а со говор ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.
Претседателот на Парламентот, Никос Вуцис, го поздрави гласањето како „историско“, а дебатата беше најдолгата дебата во последните години, подолга дури и од жестоките расправи во Парламентот за кризата и мерките од меѓународната заедница.

Решавањето на овој спор отвара нова ера во односите помеѓу Македонија и Грција, но влијае и врз стабилизација на односите во регионот.

Двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, кои го потпишаа договорот, ќе останат запаметени како политички лидери со визија и политичка храброст да ги надминат долгогодишните политички несогласувања помеѓу двете земји и да отворат пат за подобрување на меѓусоседските односи во повеќе области.
Договорот за решавање на спорот помеѓу двете земји беше истакнат и од целата меѓународна јавност како модел на кој треба да се решават споровите помеѓу две земји, а Ципрас и Заев како лидери кои имале политичка храброст да ги надминат националистичките времиња

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×