Помпео: Доколку е потребно Трамп е подготвен да употреби воена сила кон Турција
Објавено на од во Политика
Претседателот на САД, Доналд Трамп е подготвен да употреби воена сила ако биде потребно, изјави државниот секретар Мајк Помпео во синоќешното интервју за ТВ ЦНБЦ одговарајќи на прашање за кризата во односите со Турција.
помпео ердоган„Ние повеќе сакаме мир од војна. Но, во случај да биде потребна „кинетичка акција“ (еуфеминизам за активна примена на смртоносна воена сила) или воена акција треба да се знае дека претседателот Трамп во целост е подготвен да преземе таква акција“, посочи Помпео.
Помпео одби да каже која е „црвената линија“ која би поттикнала американски воен одговор.
„Економска сила употребивме и сигурно ќе употребиме. Ги користиме и своите диполоматски сили. Тоа се нашите преференци“, посочи Помпео.
Стејт департментот одби да ја коментира изјавата на Помпео.
Кризата во билатералните односи Вашингтон – Анкара се интензивира по турската офанзива во северна Сирија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×