Пониски каматни стапки за кредитите на „Охридска Банка“
Објавено на од во Банки и бизнис

„Охридска Банка“ воведува промотивни каматни стапки кај кредитите за население и атрактивни пакети за осигурување

Пониски каматни стапки за кредитите со кредитно животно осигурување започна да одобрува групацијата „Сосиете Женерал“, во чии рамки функционира „Охридска Банка“.

Новите каматни стапки кои важат за сите апликации до 3-ти јули оваа година, се движат од 4.55% за станбените кредити, 5.75% за кеш експерт и 6.35% за компакт кредитите за рефинасирање.

„Уникатната понуда на кредити плус осигурување им овозможува на клиентите да изберат комбинација на поволни услови со дополнителна заштита“, велат од „Охридска Банка“.

Истовремено, банката воведе нов основен пакет на осигурување достапен за сите апликанти за станбен кредит, со кој за 0.44% од осигурителната премија, го покрива ризикот од смрт како резултат на несреќа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×