Пониски цени за производите и услугите во Грција поради намалениот ДДВ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Од денеска во Грција стапува во сила новиот Закон за намалување на ДДВ за низа производи и угостителски услуги од 24 на 13%, што носи и пониски цени.
greek-parliamentОколу 5.000 прехранбени продукти во супермаркетите, како што се тестенини, шеќер, масло за домаќинство, какао, кафе, чај и сокови, од денеска се очекува да бидат со променети и пониски цени, а поевтини ќе бидат и угостителските услуги односно, цените во таверните, рестораните и пицериите, но и природниот гас и струјата кои наместо 13 сега се со ДДВ од 6 отсто.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, практично ова значи дека цените на производите ќе се намалат од неколку центи, па до неколку евра, во зависност од вредноста.
Во рестораните и таверните, проценките се дека една просечна сметка од околу 50 евра за четиричлено семејство ќе се намали на 46,5 евра.
Во однос на струјата и природниот гас, каде што ДДВ од 13 се намалува на 6 отсто, во пракса ќе значи дека сметка за струја што до сега изнесувала 100 евра, следниот месец ќе биде намалена за 6,20 евра, односно ќе изнесува 93,80 евра.
Данокот на додадена вредност за конкретните прехранбени производи и услуги беше 13% до 20 јули 2015, кога како дел од пакетот антикризни мерки беше зголемен на 23%, а една година подоцна, од јуни 2016, се искачи за уште еден процентен поен на 24%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×