Пооптимистични за своите компании, одошто за целиот бизнис амбиент
Објавено на од во луѓе и компании

Businesswoman looking at team of businesspeople in miniatureКакви се прогнозите на финансиските директори од регионов

Одговорните менаџери за финансии во преку 600 приватни и државни компании од централна и источна Европа се посигурни околу иднината на своите организации одошто во перспективите на целовкупниот амбиент и економија во која што работат, покажува истражувањето на Deloitte.

 

Финансиските директори во компаниите од централна и источна Европа сметаат дека бизнис амбиентот останува неизвесен и не ги охрабрува бизнисите да преземаат ризици. Најнегативна оценка на бизнис амбиентот му даваат менаџерите од Украина и Босна и Херцеговина, а сметаат и дека претстојните промени во легислативите поврзани со економијата и даноците би можеле да имаат негативен ефект врз работењето на фирмите за чиишто “благајни“ се одговорни тие.

Финансиските директори го чувствуваат притисокот за надолен тренд на цените на стоките и услугите што ги нудат нивните компании, а недостигот на квалификувана работна сила продолжува да биде еден од најголемите предизвици, особено во секторите Бизнис услуги, Технологија, Медиуми и Телекомуникации.

Околу 600 финансиски директори од 12 земји од централна и источна Европа – Босна и Херцеговина,  Бугарија, Хрватска, Србија, Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка, Полска, Романија, Украина и Литванија –  биле опфатени во истражувањето CFO Survey 2017  спроведено во втората половина од минатата година. Македонија, како и обично, не влегува речиси во ниедно истражување за било каква тема, што го прават големите светски ревизорско – консултантски куќи, иако сите имаат свои канцеларии во Скопје. Низ разговор со нив, обично велат дека македонскиот пазар е премал и не бил релевантен за овој тип истражувања и анкети. Анкетираните финансиски директори се од компании од сите позначајни индустрии и  сектори од приватниот, но и јавниот сектор: производство, услуги, финансии, итн.

42brНе им се туѓи ни IPO-ата, но би се држеле до сопствената акумулација

Финансирање од внатрешната акумулација останува најпогодниот извор за свеж капитал за финансиските директори. Додека повеќето од нив се изјаснуваат позитивно и за останатите извори на финансирање, како што се корпоративни обврзници или акции, нужно не сметаат дека токму за нивните компании тие се најдобро решение. Впрочем, тоа зависи и од конкретниот сектор од кој што доаѓаат. На пример, финансирање преку издадени акции најмногу претпочитаат финансиските директори во секторите Технологија, Медиуми и Телекомуникации, но овој начин има мала поддршка кај CFO-ата од финансиските компании. На CFO-ата исто така им се допаѓа и идејата за ЕУ фондови, иако признаваат дека нивните компании не би имале корист од овој извор, освен финансиските директори во јавниот сектор, разбирливо, затоа што голем дел од поддршката од ЕУ е насочена кон јавни институции и компании.

Поконкретно во бројки, 58% од анкетираните директори сметаат дека сопствената акумулација е најдобра опција за финансирање на развојот, а 47% не би имале ништо против и задолжување кај банките. Само 27% од нив би избрале издавање акции како опција, а уште помалку, 25%, би издале корпоративна обврзница.

Контролата на трошоците приортитет број еден

Контрола на трошоците ќе биде најголемиот приоритет за финансиските директори во периодот што следи, со тоа што 32% се изјасниле дека ова е клучното на што треба да се посветат. Продажбата на нови производи и услуги е втората според приоритет задача за финансиските директори, со 24% што го одбрале како број еден во понуденото рангирање на скала од 1 до 6. Менаџерите ќе се фокусираат и на растот исто така (за 19% ова е приоритет бр. 1).

Контрола на трошоците е најважен приоритет во сите сектори, освен секторот Бизнис и професионални услуги. Воведувањето нови производи и услуги е исто така приоритет за секторите Финансиски услуги, Технологија, Медиуми, Телекомункации, Бизнис и професионални услуги. Финансиските директори во секторите Трговија, Градежништво и недвижнини, како и Бизнис и професионални услуги би се фокусирале на органскиот раст. Оние пак менаџери од јавниот сектор, Енергетиката, Комуналиите и Рударството ја гледаат редукцијата на индиректните трошоци како приоритет.


Задачите на финансиските менаџери

Прашалниците на Deloitte содржат и дел каде што финансиските менаџери објаснуваат кои се всушност нивните главни задачи во компанијата

  • Развој и мониторирање на бизнис и финансиски стратегии
  • Менаџирање и контрола на буџетирањето
  • Финансиски прогнози
  • Анализирање и извештај за ризици
  • Евалуација на инвестициски проекти
  • Супервизија на процесите на due diligence при аквизиции
  • Соработка со продажниот оддел при одредувањето на цената на продуктите/услугите
  • Воспоставување контакти и соработка со ревизори, банки, осигурители, итн.
  • Менаџирање со сметководствениот тим

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×