Попоски: Дигитализација во осигурувањето значи поевтини полиси и поефикасна исплата на штети
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
На дводневниот форум во Франкфурт учествуваа  претставници од регулаторни тела, осигурителни друштва и посредници во осигурувањто, start-up компании и универзитески професори.
insuranceДигитализацијата во осигурувањето ќе влијае на поголемо задоволство на осигурениците, намалени цени на полисите за осигурување и поефикасна исплата на штети, истакнал претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски  при учеството на форумот „Global InsurTech Roadshow”, што се одржува во Франкфурт, во организација на дигиталниот ценатр TechQuartier, и поддршка од Европскиот регулатор за осигурување и пензии (EIOPA).
Попоски, во обраќање на панел дискусијата „Регулаторни разговори“ се осврнал на улогата на Агенцијата како регулаторно тело за поддршка на дигитализацијата која во иднина ќе има силно влијаните врз промена на работните процеси на друштвата за осигурување и посредниците во осигурувањето.
„Промените ќе значат поголема економичност во работењето на осигурителните субјекти и тоа ќе влијае врз намалување на цените на осигурителните продукти, поголема и поедноставна достапност до потенцијалните осигуреници, поголема ефикасност во решавање на штети, поголемо задоволство во консумирање на осигурителните продукти и поголема стабилност на осигурителната индустрија“, посочи Попоски на панел дискусијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×