Попоски-Коѕиас: Прво да изградиме доверба, па во таква клима да го решаваме името
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

„Не зборувавме за името, рековме барем еднаш да зборуваме за нашата соработка. Јас се залагам за компромиси, но добри, а не лоши компромиси. Компромис што ќе нѐ ослободи од затворите на историјата, што не можеме да ја промениме. Мислам дека на мирен начин треба да ги решаваме нашите разлики, што значи дека не треба едниот да се наметне врз другиот. Значи, потребен е компромис со кој ќе се задоволни повеќе страни“, истакна по средбата со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски, неговиот грчки колега Никос Коѕиас.

Попоски истакна дека фокусот на развивањето на соработката и градењето на довербата е потребен за да се дојде до ниво кога би можело да се разговара за други прашања.

„Името и блокадата се реални, тие се проблем. Во однос на тоа имаме различни ставови, и тоа е констатирано во минатото, и е факт. Од друга страна, има друга реалност на која може да се влијае, а тоа е создавањето клима на поголема доверба меѓу двете земји и зголемување на соработката меѓу нас. Тоа го правиме преку мерките за градење доверба и на тоа сме посветени. Доколку има една реалност и таа не може да се промени, а тоа е разликата која постои меѓу нас во однос на спорот за името и чувството дека нашиот пат кон ЕУ и НАТО е попречен поради оваа блокада, можеме да се посветиме на тоа што и де факто сакаме да го постигнеме, а тоа е поголема стабилност, поголем економски просперитет за нас и за нашите држави“, истакна Попоски.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×