Попоски: Опозицијата има можност да избере датум за избори
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Договорот од Пржино е жив и тој претставува начин за излез од политичката криза, оцени шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, пред отворањето на состанокот на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва, што од денеска до 26 август се одржува во Министерството за надворешни работи.

„Мислам дека имаме политички договор, тој политички договор останува жив, и за нас тој претставува начин за пребродување на оваа политичка криза. Тоа подразбира и организирање избори во согласност со условите што се дефинирани со тој политички договор“, изјави Попоски, одговарајќи на новинарско прашање дали по лидерската средба на 31 август, на која треба да се утврди договореното, може да се очекува техничка влада со СДСМ.

Според Попоски, единствен знак прашалник во овој контекст е датумот, а во однос на ова прашање има изнесени јасни ставови во јавноста од политичките чинители.

„Ставот на владината коалиција е јасен, и тој е дека најголемата опозициска партија има можност, привилегија и луксуз, да одбере во кој момент ќе се чувствува комфорно за соочување со граѓаните на демократски организирани избори“, рече Попоски.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×