Поповолни очекувања за порачки во преработувачката индустрија
Објавено на од во Економија
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во преработувачката индустрија во септември во однос на август годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на август годинава.
prerabotuvacka-industrijaКако што објави денеска Државниот завод за статистика, економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија, во септември во однос на август годинава била понеповолна, а поповолна споредено со септември лани. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Според оценката на раководителите на фирмите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември годинава е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на август 2019 година и изнесува 21.7, а во однос на септември 2018 година е зголемен за 1.1 процентен поен.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември годинава изнесува 69,4 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 22,1 процент, недоволната странска побарувачка со 18,9 проценти, недоволната домашна побарувачка со 13,7 проценти и неизвесното економско опкружување со 13,3 проценти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×