Поради Европа “Гаспром” бележи прв пад на приходите во 5 години
Објавено на од во Економија
Приносот на Русија се зголеми за 2%, но извозот во Европа и Турција опадна за 9%.
Gas-compressor station in Mryn villageПрвите сигнали за ова се очекувањата за помал принос на енергетската компанија Газпром во однос на позадината на послабата побарувачка од европските земји и зголемената конкуренција на пазарот.
“Планираме да произведеме 495 милијарди кубни метри гас оваа година”, рече Витали Маркелов, заменик-главен извршен директор, во интервју цитиран од Блумберг.
Таквиот обем ќе го означи првиот пад за “Газпром” во изминативе пет години, на околу 497,6 милијарди кубни метри, колку што беше во 2018 година.
Традиционално, енергетската компанија ги ревидираше своите планови на база на побарувачката од Европа, која е нејзин најголем пазар. По топлата зима и послабата потрошувачка, државите на Стариот континент во моментот имаат значителни резерви на сино гориво.
Минатата недела “Газпром” ги претстави пресметките според кои 42% од европските складишта се полни. Компанијата, исто така, рече дека понудата за пазарите во регионот ќе биде послаба отколку во претходната година.
Ова се рефлектира и од фактот дека меѓу јануари и април, приносот на Русија се зголеми за 2%, но извозот во Европа и Турција опадна за 9%.
Зголеменото снабдување на природен гас (LNG) во Европа, се толкува и како дополнителен притисок врз рускиот гигант, особено ако се има предвид дека обемот на увозот на LNG од Северна Америка достигна “загрижувачки” пропорции.
Минатата година Русија испорача 200 милијарди кубни метри природен гас на Европа или скоро 3% повеќе отколку што беа испораките во 2017 година, кои се сметаат за рекордни за последните неколку години.
Европските држави добиле испораки на руски гас со вкупен волумен од 194,4 милијарди кубни метри во 2017 година, a 81% од овој обем бил за западноевропските земји (вклучително и Турција), а 19% биле за Источна Европа.
Испораките за Западна Европа за овој период изнесуваат 155,96 милијарди кубни метри, како најголемите купувачи на руски гас се Германија, Турција и Италија. Една третина од материјалите одат кај нив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×