Поради Лестер, англиските обложувалници го менуваат системот за одредување коефициенти
Објавено на од во lifestyle

Поради овогодишното искуство со Лестер, кој ја освои титулата во англиската Премиер лига, обложувалниците ќе го менуваат системот за одредување коефициенти.

Британските обложувалници велат дека ја платиле цената за прекршувањето на сопственото правило „никогаш не вели никогаш“, со тоа што поради освојувањето на титулата од страна на Лестер треба да исплатат рекордни 25 милиони фунти.

Ова е прва титула за фудбалскиот клуб во неговата 132 години долга историја, а на почетокот на сезоната обложувалниците нудеа коефициент од 5000 за освојување на премиер лигата од страна на екипата на Клаудио Раниери.

Сега обложувалниците најавуваат дека највисокиот коефициент што воопшто ќе го нудат нема да надминува 1000. Кај некои од нив загубите поради титулата на Лестер се најголеми во историјата (на одредени обложувалници) подолга од еден век.

Меѓутоа, има и такви во овој бизнис, кои на примерот на Лестер мислат дека може добро да заработат во иднина, така што и натаму ќе даваат многу високи коефициенти за успех на „аутсајдери“, надевајќи се да привлечат многу обложувачи. Така, од обложувалницата Бетфред ќе понудат коефициент 5000 дека новиот член на Премиер лигата, Барнли, догодина ќе го повтори успехот на Лестер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×