Поради недостаток од работници Хрватската Влада дозволи увоз на сезонци од странство
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Хрватската Влада одобри зголемување на квотите за вработување работници од странство по апел на работодавачите во областа на угостителството и градежништвото дека нема доволно работна сила во тие два сектора.
хрватскаОдобрени се 3.000 нови дозволи, од кои 2.000 се однесуваат на туристички ангажман за време на летната сезона и уште 1.000 во градежништво.
Доколку тоа не е доволно, ќе бидат издадени дополнителни 2.000 дозволи, кои ќе бидат издадени по потреба, по 1.000 во двата сектора.
Туристичките работници од Хрватска неодамна ја повикаа Владата да одобри 5.000 работни дозволи за сезонските работници од Србија, од Босна и Херцеговина и од Црна Гора што е можно поскоро, бидејќи во спротивно сезоната на Јадранското Море ќе биде целосно уништена.
Во Хрватска има се помал број готвачи, келнери, но и туристички работници.
Сезонските келнери може да заработат повеќе од 1.000 евра месечно, со обезбедено сместување, а платите на готвачите се движат од 1.500 евра, па нагоре.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×