Поради штетите по природата Владата на Црна Гора ја стопира изградбата на неколку мали хидроцентрали
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Владата на Црна Гора го задолжи Министерството за економија да ги почне преговорите за спогодбен прекин на договорите за изградба на мали хидроцентрали во неколку градови.
малиПремиерот Душко Марковиќ, по седницата на Владата во Плевље, соопшти дека станува збор за хидроцентралите на реката Бистрица во Бело Поље, на Муринска, Ѓуричка и Коморачка река во Плав,    Буковица во Штавник и на Трепачка река во Андриевица, пренесе РТЦГ.
Марковиќ објасни дека оваа програма неспорно ќе овозможи нов поттик во производството на електрична енергија, но дека има пропусти што ќе и нанесат големи штети на природата.
-Во одделни случаи овој концепт на развој ќе ја промашеше својата цел, а тоа е унапредување на квалитетот на животот и развојот на локалните заедници, што не може да се одвива одвоено од зачувувањето на единствената природа и здрава животна средина на овие локалитети, рече Марковиќ.
Тој додаде дека во следниот период ќе се изјасни и за останатите проекти со слични проблеми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×