Поради Сирија, Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Автомобилскиот концерн Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција, во момент кога Анката спроведува операција во Сирија, јави весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на свои извори.
вњКомпанијата преговара со турската страна за изградба на фабрика во близина на Измир. Сепак, откако Турција почна офанзива во Сирија, раководството на Фолксваген не брза да го потпише договорот, пишува весникот.
„На целата ситуација гледаме со голема претпазливост“, изјави претставник на Фолксваген за „Ханделсблат“.
На 9 октомври турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го објави почетокот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија против Курдската работничка партија и терористичката група Исламска држава.
Во новата фабрика во Маниса, во близина на пристаништето во Измир, планирано е да се произведуваат новите модели „Пасат“ и „Шкода Суперб“. Фолксваген ќе инвестира една милијарда евра во погонот. Планирани се 4.000 работници, а по 2022 година фабриката треба да произведува 300.000 возила годишно. За таа цел, Фолксваген регистрираше подружница во Маниса со капитал од 150 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×