Поради здружување во картел казнети се најголемите производители на автомобили
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Италијанското владино тело за пазарна конкуренција казнило 12 банки и 9 произведители на автомобили во вкупен износ од 678 милиони евра, по основ формирање картел за финансирање на автомобили.

32708076.jpeg

Daimler, Volkswagen, Toyota, Renault, General Motors, Ford иBMW,во периодот 2013- 2017 година, тајно се договарале со сопствените финансиски институции за критериумите и условите за финансирање и лизинг на нови автомобили.

Во тајното договарање учествувале и финансиските здруженија Assilea и Assofin.

Информациите на нивната комуникација биле откриени во ненајавен претрес и покажале дека тие се договарале за каматните стапки, цените на возила, трошоцитеи бројот на продадени количини.

Картелот го пријавила компанијата Daimler и затоа е ослободена од казна. Најказнета е банката на Fiat Chrysler во износ од 179 милиони евра, за Volkswagen износот е 163 милиони и за Renault е 125 милиони евра.

Assilea иAssofin се казнети со 12 илјади евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×