Поради зголемениот „он – лајн шопинг“, „сајбер понеделник“ губи на сила
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Cyber-MondayПродавачите во САД и оваа година понудија специјални попусти за купување на интернет, иако десетгодишната традиција за купување на „сајбер понеделник“ губи на сила, со оглед на тоа дека купувачите веќе се почесто купуваат он – лајн, пренесува српско РТВ.

Купувањето преку интернет влијае на намалувањето на класичната продажба – делува дека купувачите после „црниот петок“ и денот на благодарноста, купувањето во првиот понеделник од декември и не е така атрактивен. Оваа година само за „црн петок“ Американците потрошиле 10.4 милијарди долари. Лани пак, на истиот тој ден биле потрошени 11,6 милијарди долари.

Со растот на он – лајн купувањето дојде и до намалување на активностите за време на таканаречениот „сајбер понеделник“.

„Купувачите сфатија дека интернет е поволно место за купување во секое време, секој ден“, рече Џин Алварез од компанијата Гартнер.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×