Порака од научниците: Не одете на Марс, таму ќе умрете за 68 дена
Објавено на од во hi-tech & business
Храна и вода премногу брзо ќе снема. Премногу нискиот воздушен притисок ќе предизвикува големи тешкотии со дишењето. Таму нема услови за безбеден живот и веројатно идните космонаути на Марс ќе умрат за 68 дена – претпоставуваат научниците од универзитетот МИТ. НО ДАЛИ Е ТАКА?

Fatwa-forbids-Muslims-from-one-way-mission-to-MarsMARS ONE е проект за колонизација на планетата Марс кој е веќе почнат и после два елиминациски круга, од 1000 кандидати е направена првата предфинална селекција од  100 кандидати-потенцијални астронаути за Марс.

3160738_237684_one-way-ticket-banner-picКои беа условите за кандидатите?

Мора да имате 18 години, а воена обука, познавање на пилотирање или некои научни квалификации не беа потребни. Кандидатите мораа да бидат интелигентни, со добро ментално и физичко здравје и да бидат подготвени на обука во траење од осум години.

Во следниот филтер ќе бидат избрани финалните 24 кандидати кои ќе отпочнат со 8 годишната обука за астронаути. Тие ќе учат за поправка на компонентите на живеалиштето на Марс, поправка на роверите (возилата-роботи кои ќе бидат со нив на планетата). Ќе имат серија на обуки за медицински процедури и ќе научат како создаваат сопствена храна во своето живеалиште.

Тренингот ќе се одржува во кампови направени во најсуровите делови од нашава планета и ќе завршат на Арктичката пустина.

Лансирањето на екипажот за колонизација на Марс е закажан за 2024-та година. Во меѓувреме во повеќе етапи ќе се лансира и ќе се постави потребната техничка опрема потребна за колонизацијата.

mars-lander2018: Ќе се лансира првиот сет на опрема.

Таа ќе содржи, софистицирани соларни панели за производство на енергија, технологија за производство на вода од топење на ледените наслаги во почвата на Марс, производство на кислород и телекомуникациски сателит кој треба да обезбеди 24/7 комуникација со Земјата.

roadmap20182020: Ќе се лансира првиот Rover и приколка за транспорт

Интелигентниот Rover ќе вози и ќе ја бара во однапред  избраниот регион, најдобрата локација за поставување на првата населба на Марс. Идеална локација значи, доволно далеку на север за почвата да содржи доволно вода, екваторски доволно позиционирана за максимална соларна енергија и доволно рамна за да се олесни изградбата на самата населба.

Кога локацијата ќе биде избрана, Rover-от ја подготвува површината за доаѓањето на следните Карго мисии.

roadmap20202022: Се лансира карго пакетот со потребната опрема за живеалиштата

Овој пакет содржи втор ровер  и шест единици за живеење, единици- системи за поддршка и создавање на услови за човечко живеење и единици за работа.

roadmap20212023: Роверите ја градат населбата пред доаѓањето на луѓето

Screen Shot 2012-07-29 at 12.55.52 PMСе поставуваат шестте Карго единици на Марс од страна на роверите. Единицата за поддршка на системот ќе биде поврзана со единиците за престој на екипажот со помош на систем кој може да се транспортира вода, воздух и електрична енергија. Водата се извлекува од почвата на Марс со испарување на потповршинските мразни честички. Таа прво се прави во гасовита агрегатна состојба, а потоа истата се кондензира назад во течна состојба и се складира. Дел од водата се користи за производство на кислород. Азотот и аргонот, филтрирани од атмосферата на Марс ги сочинуваат останатите компоненти потребни занепречено дишење на  воздухот во внатрешноста на живеалиштето.

Пред првата екипа да го започне своето патување, животниот систем за поддршка треба да  произведе атмосфера со 0.7 бари притисок, 3.000 литри вода и 120 килограми кислород кој ќе биде складран во специјални контејнери.

roadmap20222024: Лансирање на вселенското летало со екипажот за Марс

Phoenix_landingВо 2025, после 9 месечен лет, првите луѓе ќе слетаат на Марс. Се претпоставува дека ова ќе биде најсензибилната и најкритичната фаза. Астронаутите ќе бидат долго време без дејство на гравитација, гледано од физички аспект. Но не се знае како врз нив ќе влијае повеќемесечниот лет во драстично ограничен простор на вселенското летало. Тука треба да се земе во предвид и психолошкиот притисок на комплексот “one way ticket”, поточно фактот дека никогаш повеќе нема да се вратат на Земјата.

roadmap2024Неможно е да се предвиди како астронаутите овој факт секој поединечно ќе го поднесе. Астронаутите ќе ги приземји таканаречениот “Lander” на 10 км. од населбата. Тој ќе се одвои од “Транзитниот модул“ во кој претстојувале претходните 9 месеци. Во следните 48 часа астронаутите ќе останат во лендерот за адаптирање на гравитацијата. Астронаутите по поминатата адаптација на себе ги облекуваат скафандерите и се транспортираат со помош на роверот кој ќе дојде по нив од населбата.

140629-marsone_455ed2433a7a42caeda4621254b50da2o-MARS-COLONY-facebook2027: Проширување на населбата со втор екипаж

Каргото со опрема за втората екипа во рок од неколку недели се лансира по стапнувањето на првата екипа на Марс. По неговото приземјување, опремата се инсталира од страна на првите членови на екипажот и на тој начин се проширува населбата на Марс и се оздаваат услови сонови живеалишта за новите доселеници. Овој процес продолжува и понатаму.  Дополнителни екипи ќе слетуваат на секои две години.

Инфраструктурата е исклучително важна, бидејќи за разлика од екипажот на Меѓународната вселенска станица, на MARS ONE екипажот не може да се откаже од својата мисија во случај на вонредна состојба.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×