Поранешниот директор на институтoт за Нобелова награда: Наградата за Обама беше грешка!
Објавено на од во Политика

Поранешниот директор на норвешкиот институт за Нобелова награда изјави дека се кае поради одлуката на овој комитет, што во 2009 година наградата на мир. му ја доделија на Обама, пренесува „Вашингтон пост“.

Гели Лундештад, кој беше директор на овој институт 25 години, во неговите штотуку објавени мемоари вели дека комитетот едногласно одлучил да му ја даде оваа награда на Обама, веднаш по изборите во 2009 година, но со надеж дека американскиот претседател ќе постигне повеќе во однос на нуклеарното разоружување, отколку признание дека Обама тоа веќе го постигнал.

Од денешна перспектива Лундештад вели дека доделувањето на наградата не ги исполни очекувањата на комитетот.

„Ние сметавме дека наградата ќе му даде повеќе сила на Обама, но не го постигнавме тој ефект“, изјави тој во интервју за Асошиејтед Прес.

„Дури и многу од поддржувачите на Обама сметаа дека наградата беше грешка“, вели Лундештад.

Во книгата тој изразува каење што одлуката била базира на надеж отколку на признание за постигнувања во минатото, пишува Вашингтон пост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×