Поранешниот премиер на Малезија е уапсен во истрага за корупција и перење пари
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Malezija premierПоранешниот премиер на Малезија Наџиб Разак е уапсен во истрагата за корупција, заради поврзаност со исчезнувањето на 4,5 милијарди долари од државниот инвестициски фонд 1MDM, кој тој го основал.

Наџиб бил уапсен во неговиот дом од страна на антикорупциските служби.

Полицијата нашла накит, чанти, часовниции други вредни работи во вредност од над 273 милиони долари за време на претресот кој беше дел од истрагата која почна минатиот месец.

Наџиб и раководството на државниот инвестицискиот фонд ги отфрлиле обвинувањата дека правеле нешто незаконско.

Малезиските власти го потвдриле апсењето и најавиле дека тој ќе биде изведен пред суд со обвинение за еден ден.
Истрагата на малезиските антикорупциски власти го товари поранешниот премиер за кражба и перење на пари, откако откриле дека 10,6 милиони долари завршиле на негова сметка, откако претходно биле трансферирани преку неколку други фирми.

Апсењето на поранешниот премиер на Малезија доаѓа само два месеци откако неговата коалиција изгуби на изборите кои се одржаа на 9 мај годинава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×