Пораст на извозот од 20% во октомври
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Извозот на производи од Македонија во октомври годинава е поголем за дури 20% споредено со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Обемот на трговската размена на земјава со светот во периодот јануари- октомври годинава изнесува 9,7 милијарди евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки за десетте месеци, пак, изнесува 4, 1 милијарди евра и бележи пораст од 16% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5,6 милијарди евра, што е за 11,8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари- октомври 2017 година, изнесува 1,4 милијарди евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – октомври 2017 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×