Пораст од 12,9% на прометот во индустријата од почетокот на годинава
Објавено на од во Економија
За 11,7% е зголемен прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани, а споредено со април годинава за 4,5 %. Во периодот јануари – мај годинава во однос на истиот период лани прометот во индустријата се зголемил за 12,9%, објави денеска Државниот завод за статистика.
faa-9-Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај годинава, во однос на мај минатата година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 5,1%, „капитални производи“ за 19%, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,8% и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 8,5%.
Статистичките податоци покажуваат дека прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај годинава, во однос на мај лани, е намален за 0,2%, споредено со април годинава е зголемен за 0,5%. Во првите пет месеци од годинава споредено со истиот перион минатата година прометот во индустријата езголемен за 1,1%.
Прометот во индустријата на странските пазари, пак, во мај годинава, во однос на мај минатата година, е зголемен за 15,5 %, споредено со април годинава за 5,5%, а во првите пет месеци од годинава споредено со истиот период лани за 16,9%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×