Поразителен неуспех од сите досегашни економски политики
Објавено на од во КАПИТАЛ АНАЛИЗА

Izvoz  883Помалку од 5% од компаниите во Македонија извезуваат

Податокот дека само 4,75% од фирмите од Македонија извезуваат во некоја сгранска земја, а само 13,2% се јавуваат како увозници, покажува дека македонската економија е локално ориентирана и најголемиот дел од фирмите работат само на домашниот пазар. Ова е можеби најголем доказ дека сите досегашни економски развојни политики биле неуспешни. Ако се знае дека Македонија е мал пазар со многу мала куповна моќ, станува јасно зошто капацитетите за раст на македонската економија во иднина се многу мали и ограничени. Економските експерти сметаат дека единствен начин Македонија да направи поголем исчекор и поголем економски раст е преку извозот. Но, тоа очигледно е најтешкиот и најскапиот начин. Македонската економија досега расте главно преку инвестиции во градежни проекти, кои главно се финансираат преку задолжувања на државата во странство.

Сите извозници се херои на домашната економија. Да се произведе квалитетен производ не е лесно, да се продаде е уште потешко, да се продаде, пак, на странски пазар е најтешка мисија во бизнисот. Сите извозници во Македонија се мачат како грешни ѓаволи за да договорат зделка со странски партнер, исправени пред голем број пречки и предизвици, а недоволно помогнати од сопствената држава на која и носат девизен прилив, а од која главно го носат терертот на политички несигурна и нестабилна земја, што сигурно им ги нарушува конкурентските позиции на странските пазари.

Што не е случај со развиените економии каде домашната извозна индустрија го носи пиететот кој и припаѓа и каде го има третманот како вистински двигател на домашната економија.
Во Македонија во изминативе 25 години независност е многу полесно да се биде трговец увозник, отколку да произведуваш и да извезуваш. Можеби и затоа бројот на извозници во Македонија е толку поразително мал.

Izvoz  tabelaОд вкупно 70.659 активни фирми своите прозводи и услуги во странство ги продаваат само 3.362 фирми. Тоа е само 4,75% од вкупниот број на фирми во земјата, покажуваат последните податоците на Државниот завод за статистика.

Тоа е многу мал процент ако се спореди со земјите од регионот и со поразвиените земји каде овој процент е неколкупати повисок. На пример, во Хрватска процентот на фирми кои извезуваат е над 15%, додека во развиените економии тој процент е далеку поголем.
Податоците од Европската унија покажува дека 12% од малите и средните фирми се извозници. Во Данска, секое петто мало претпријатие е конкурентно на странските пазари.

Според претприемачите и оние кои го водат бизнисот на терен, главна причина за малиот број на извози фирми е недостигот на финансии. “Извозот е скапа работа. За некоја фирма да произведува за извоз, треба да има банки кои ќе бидат подготвени да ја пратат и следат фирмата во целиот извозен процес. За жал, поголемиот број од банките сакаат да работат со веќе докажани и големи извозни фирми, а многу ретко прифаќаат да застанат зад идејата на некоја фирма да произведува за извоз”, вели Мирко Стојановски, сопственик на трговска фирма, која во своето десет годишно постоење имала еден неуспешен обид за производство за извоз.
Според експертите, пак, покрај недостатокот на пари, на македонските претприемачи им недостасуваат знаење и организација за извоз.
Ако се анализира според дејноста, тогаш индустријата дефинитивно е најзаслужна за извозот, бидејќи претпријатијата од индустријата создаваат дури 84% од вкупниот извоз.
Истовремено најголем дел од увозот или 47,7% е реализиран од страна на  индустријата, што само ја потврдува реалноста дека Македониј е увозоно зависна земја. Но, и покрај тоа индустријата е единствената гранка која создава нето извоз.

Ако се анализира според бројноста, тогаш најголем дел од фирмите извознички се микро фирми кои имаат од еден до девет вработени. Од вкупниот број на извозни фирми, дури 1.876 или 55,8% се микро фирми. Но, иако се најбројни тие создаваат само 10,2% од вкупниот извоз.
Статистиката покажува дека токму овие фирми имаат најголеми проблеми со несолвентноста и работат со загува, заради што едвај успеваат да ги покријат тековите обврски, а на, пак, да инвестираат во извоз на некој странски пазар. Дури и оние кои успеваат да ги пласираат производите на некој странски пазар, заради високите основни трошоци за водење бизнис тие сигурно стигаат помалку конкурентни.
Најголем дел од трговијата со странство сепак се прави кај големите фирми кои имаат над 250 вработени. На пример, 89 големи фирми прават 62,9% од вкупната трговска размена на Македонија со странство. Од овие 89 големи компании, 57 компании работат во индустрија и тие создаваат 71,2% од вкупната трговска размена на земјата со странство.
Ако се оди уште подетално кој точно дел од индустријата е најзаслужен за извозот, тогаш статистиката покажува дека дури 89% од извозот се прави од преработувачката индустрија.
Но, концентрацијата на извозот и увозот кај големите компании е уште поголема. На пример, статистиката покажува дека првите пет најголеми извозни фирми во Македонија прават дури 40% од вкупниот извоз на земјата.

Првите 20 најголеми извозници создаваат близу 60% од вкупниот извоз, додека најголемите 100 извозници создаваат дури 80% од вкупниот извоз на Македонија. Речиси 98% од вкупниот извоз е сконцентриран кај најголемите 1000 извозни компании, што значи дека останатите 2.362 фирми се многу мали извозници со оглед на фактот што кај нив се создава 2% до 3% од вкупниот годишен извоз на земјата.


Податоците од Европската унија покажува дека 12% од малите и средните фирми се извозници. Во Хрватска над 12% од вкупниот број на фирми извезуваат. Во Данска, секое петто мало претпријатие е конкурентно на странските пазари.

Кој го прави увозот?

Ако се анализира кој го прави македонскиот увоз, статистиката покажува дека од вкупно 70 илјади фирми од странство увезуваат 9.390 фирми или 13,2%.

Најголем дел од увозот го прават микро фирмите кои вработуваат од 1 до 9 вработени. Од вкупниот број на увозни фирми, дури 67% се микро фирми. Иако се најбројни, микро фирмите прават само мал дел од увозот, додека најголем дел увозот го прават големите фирми со над 250 вработени.

И кај увозот се забележува голема концентрација кај големите компании. На пример, првите топ 5 најголеми увозници прават над 25% од вкупниот увоз на земјата.

Првите 100 најголеми увозници прават близу 60% од вупниот увоз на земјата, додека кај најголемите 1.000 увозници прават близу 90% од увозот.
Најголем дел од увозот, увозниците фирми во Македонија го прават од земјите на Европската унија. Имено, од вкупно 9.390 фирми кои се јавуваат како увозници, 7.177 од нив увезуваат од земјите членки на ЕУ, додека само 2.617 фирми увезуваат од земјите од Западен Балкан.

Најголем дел од увозот или 53,1% го прават фирмите кои имаат 20 или повеќе земји партнери од каде увезуваат.


Најголем дел од трговијата со странство се прави кај големите фирми кои имаат над 250 вработени. На пример, 89 големи фирми прават 62,9% од вкупната трговска размена на Македонија со странство. Од овие 89 големи компании, 57 компании работат во индустрија и тие создаваат 71,2% од вкупната трговска размена на земјата со странство.

Најмногу фирми извезуваат во ЕУ и Балкан

Ако се анализираат извознците фирми според тоа на кој пазари најмногу извезуваат и увезуваат, тогаш дефинитивно Европската унија и Балканот се омилените места за трговија надвор од гранците на земјата.

Податоците покажуваат дека од вкупно 3.362 извозни фирми, поголемиот дел или 1.960 од нив извезуваат во земјите членки на ЕУ, додека 1.869 фирми најмногу извезуват во земјите од Западен Балкан.

Најголемиот дел од фирмите кои извезуваат во Европската унија се фирми кои работат во индустријата и кај нив се создава дури 88% од вкупниот извоз на земјата.

Најголем дел од извозот или 32,7% го прават земји кои имаат од 10 до 14 земји како извозни пазари.


Izvoz 02Скопскиот регион создава 52,4% од извозот

Ако се анализира извозот според седиштето на извозните претпријатија, тогаш најголе извоз или 52,4% од вкупниот извоз се прави во Скопскиот регион. Фирмите од овој регион прават и најголем дел од увозот, или 68,8% од вкупниот увоз.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×