Посетата на Путин е тест за Белград
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Посетата на Путин на Белград е од политичка важност и треба да одговори на прашањето: дали Србија е подготвена да биде клучниот сојузник на Москва во регионот, пишува Комерсант.

putin vo belgrad

Путин, како што се вели во написот, со себе води моќна делегација во посета на Србија, со цел “да соработува” со Србија, која сака да пристапи во Европската Унија.

Весникот вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ во последно време активно ја турка идејата за демаркација со Приштина, како услов за нормализирање на односите, без кој интеграцијата на Србија во ЕУ е невозможна.

“Москва е скептична за договорот меѓу Србија и Косово, кој ЕУ го сака, стравувајќи дека тоа ќе стане протекторат на НАТО. Но Москва не се брза да се поддржи идејата за нова демаркација, верувајќи дека Белград всушност ќе го признае Косово, така што по денешните разговори за проблемот со Косово , толкувањето може да биде сосема поинакво, од тоа што беше по октомврискиот состанок во Москва “, пишува весникот.

Во текстот исто така се поставува прашањето зошто Србија продолжува да го покажува своето пријателство со Русија ако е толку решителна да пристапи во ЕУ и апелира на конзервативно-националистичката поддршка на претседателот Вучиќ и на СНС, преку играње на картата на Москва.

Би-Би-Си пак анализира  дека доаѓањето на Путин во Србија ја предупредува ЕУ дека не ќе може лесно да ја одземе лојалноста на Србија.

Од друга страна, Владимир Путин несомнено ќе ужива во вознемиреноста на западните дипломати, бидејќи гледаат дека водечкиот кандидат за членство во ЕУ поставува црвен килим за него, заклучува Би-Би-Си.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×