После референдумот, грчкиот министер за енергетика доаѓа во Македонија, ќе се преговара за повторно отворање на нафтоводот
Објавено на од во Економија

stathakisИзградбата на гасоводот помеѓу Грција и Македонија и и целокупното јакнење на енергетските односи меѓу двете земји во областа на електричната енергија и течниот гас, ќе доминираат во разговорите што ќе ги има грчкиот министер за животна средина и енергија, Јоргос Статакис, кој во понеделник или ден после референдумот доаѓа во посета на Македонија, пишува грчката агенција Amna.

Договорот за гасоводот Солун-Неготино беше потпишан од страна на грчката државна енергетска компанија ДЕСФА и Македонските енергетски ресурси (МЕР) во октомври 2016 година, по што следуваа серија последователни состаноци помеѓу претставници на двете компании за промовирање на проект.

Со проектот, Македонија ќе добие пристап до алтернативни извори на снабдување со природен гас преку Грција, чија цел е да стане регионален енергетски центар, ако се создадат услови гасоводот до Скопје во иднина да се прошири до други балкански земји, со што ќе добијат пристап до повеќе пазари.

Во секторот на електрична енергија, двете земји ќе разговараат и за надградба на постојната интерконекција Флорина – Битола.

Што се однесува до секторот за течни горива, во тек се преговори за повторно отворање на нафтоводот Солун-Скопје, со цел, меѓу другото, да се искористат складишните површини во рафинеријата ОКТА за снабдување на земјите од регионот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×