Последен ден преговори за Брегзит пред клучниот ЕУ Самит
Објавено на од во Политика
Европските и британските преговарачи, и покрај целовечерните разговори, не успеаја да остварат напредок во преговорите за Брегзит. Разговорите ќе продолжат и во текот на денешниот ден, со цел да се дојде до решение пред утрешниот Самит на ЕУ.
бојоБританскиот премиер Борис Џонсон се очекува да го информира кабинетот за текот на разговорите, кои продолжија рано изутрина. Европскиот преговарач Мишел Барние во текот на денот ќе ги информира евркомесарите и евроамбасадорите за текот на разговорите.
Синоќа беше соопштено дека наводно била надмината главната пречка околу ирската граница.  Функционери од Европската унија, кои имаат пристап до информациите за преговорите за Брегзит, синоќа информираат дека најголемата пречка за постигнување договор е „речиси решена“. Изворите од ЕУ велат дека главниот преговарач на ЕУ Мишел Барние рекол дека Ирското Море ќе биде царинска граница меѓу Унијата и Велика Британија, со што ќе се избегне видлива копнена граница на ирскиот остров.
Даунинг стрит 10 синоќешните разговори ги оцени како „конструктивни“, информирајќи дека одреден прогрес бил постигнат, јави Би Би Си.
Преговарачките тимови од ЕУ и Велика Британија во Брисел разговараа со цел да се постигне договор за Брегзит, кој е предвиден за 31 октомври, со цел по излегувањето од Унијата, идните односи меѓу Лондон и Брисел да бидат соодветно уредени.
Џонсон сега е во трка со времето со цел да постигне нов договор за Брегзит пред дводневниот Самит. Доколку биде постигнат договор, тој треба денеска да биде објавен, заедно со соодветен правен текст, доколку се сака 27-те членки на ЕУ да го ратификуваат на Самитот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×