Последици од поплавите: недостиг на храна, зголемен увоз, повисоки цени
Објавено на од во Економија

Непосеана пченица, уништена пченка, преголема влага на површините наменети за тутун, скапани раноградинарски култури –  ќе следи  недостиг на храна, зголемен увоз и повисоки цени

Ова го тврдат експертите кои ги консултира Капитал во врска со актуелните случувања во Македонија.
Огнен Оровчанец експерт за земјоделство и претседател на земјоделската комора при ССК вели дека без разлика какви и мерки да се преземат после вакви катастрофи неминовни се штетите кои долгорочно ќе ги претрпи полјоделството и општо целото земјоделство во текот на претстојната година.

„Тутунот како доста распространета култура кај нас, според своите својства може да се развива во одредени рамки на минимална и максимално дозволена влажност. Пченица исто така може да се сади во одредена временска рамка за да стаса во потребното време за жетва. Слично е со сите останати култури. Така да можеби нема да имаме целосно уништување на земјоделското производство за оваа година но сигурно за одреден процент кој засега никој не може да го процени тоа ќе се намали.“
Властите веќе ги презедоа првите чекори преку ослободување на поголеми количини пченка и пченица од државните резерви кои се продаваат по пониски цени со цел стабилизирање на пазарот.
Оровчанец ги поздравува овие потези како плодотворни но вели дека долгорочно многу тешко на ваков начин ќе се одржи контролата на цената на земјоделските производи.

„Јас не се сомневам дека владата во Македонија или сите влади на Балканот ќе направат се што е можно за да ја нормализираат состојбата и да не дозволат скок на цените. Но, ограничен е тој дел од цената кој може да се компензира на ваков начин. Се зависи од големината на кусокот кој ќе се појави на пазарот. А дека ќе има кусок е повеќе од сигурно“

КАКО ВЛАГАТА СЕ ОДРАЗУВА НА ПОЧВАТА

Капитал за оваа проблематика го контактираше и експертот за почви и поранешен директор на институтот за земјоделство Душко Мукаетов. Според него вишокот на вода е еднакво штетен за почвите колку и кусокот на вода.
„Поплави во полјоделското производство е недозволиво да се случуваат бидејќи вишокот на вода после подолго време предизвикува ерозија на почвата и долгорочни штети. Доколку оваа вода е загадена или пребогата со одредени супстанци може да се оштети почвата и на долг рок Затоа пред многу години се измислени системите за одводнување за да се контролира ваквиот процес но кај нас за жал не функционираат“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×