Последна шанса за нов почеток
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2018
Foto 2018 broj 1Новата 2018 година ќе биде тест за политиките на новата влада. Од Владата сега сите очекуваат политики и мерки кои ќе бидат дел од еден нов развоен економски модел, кој ќе овозможи ослободување на потенцијалот на домашната индустрија, посебно на индустриите кои можат да имаат голем нето извозен ефект врз економијата, што на крајот ќе резултира со поголем економски раст.Проценките за брзиот напредок на Македонија во евро-интеграциите и членството на НАТО веќе подолго време се подгреваат, па бизнисот и граѓаните очекуваат конкретни резултати на овој план. 
Во новата година сите влегуваат со очекувања за поголема стабилност, пред се политичка и законодавна стабилност, што е главен предуслов за бизнисот да може да ги почувствува ефектите од најавените политики.

 

Изминатата 2017 година беше година полна со многу искушенија и предизвици, година во која заради политичките настани економијата беше ставена во втор план. Политичката нестабилност која беше еден од главните ограничувања за водење бизнис во изминатата година, сега ги дава последиците. Економскиот раст е намален и изминатата 2017 година ќе ја завршиме со економски раст нешто над нулата, што е најнизок раст во регионот.

Со изборот на новата влада, политичката нестабилност како ограничувачки фактор ја нема, но сега останува предизвикот како да се подигне економијата. Најголемиот двигател на растот во изминатите години-градежништвото, веќе не ги дава очекуваните резултати и бележи пад.
Новата 2018 година ќе биде тест за политиките на новата влада. Од Владата сега сите очекуваат политики и мерки кои ќе бидат дел од еден нов развоен економски модел, кој ќе овозможи ослободување на потенцијалот на домашната индустрија, посебно на индустриите кои можат да имаат голем нето извозен ефект врз економијата, што на крајот ќе резултира со поголем економски раст.

На Македонија и се потребни конкретни фокусирани мерки кои ќе го поттикнат економскиот раст. И државата и компаниите во новата година и во годините кои следат, мора најсилно и фокусирано да се ориентираат кон зголемување на извозот, вложување во нови технологии, иновации во производството и зголемување на продуктивноста.
Сите процеси, политики и мерки мора да бидат во интерес на националната економија и подобрување на конкурентноста на компаниите. А конкурентноста на компаниите може да се провери само на глобалниот пазар, односно преку извозот.
Сегашните податоци според кои извозот на Македонија учествува со само 53% од БДП, односно од се она што го произведува, покажува дека македонските компании генерално гледано не се конкурентни на глобалниот пазар.


Индустриите кои имаат потенцијал и луѓето кои имаат идеја за добар бизнис мора да бидат најголемиот адут на Македонија во остварување на целта за повисок економски раст. Тој адут мора да се искористи.Ако како држава не успееме да ги искористиме овие адути во овој критичен момент на пресврт, Македонија ќе продолжи да паѓа во маѓепсаната спирала, во кој влеговме токму заради популистичките политики на претходната власт и одбивањето да се соочи до потребните реформи.


Целта на оваа влада е учеството на извозот да го зголеми до 70% од БДП.

За таа цел се предвидени и конкретни мерки и финансиска поддршка за најдобрите компании, односно оние кои реално може да го повлечат извозот и економскиот раст.
Државата мора да ги идентификува стратешките приоритети, стратешки да се постави кон одредени индустрии кои имаат потенцијал да зголемат извозот и преку квалитетни поттикнувања да застане зад нив.

Очигледно потребно e државата повторно да ја открие својата основна улога и цел, а таа се состои во квалитетна регулација и поставување на рамка за развој и раст.
Неопходна ќе биде рационализација на сите нивоа, почнувајќи од државните трошења, и зголемување на ефикасноста и продуктивноста на јавниот и приватниот сектор. Државата мора да покаже волја и храброст да ги рационализира државните трошења, дали преку реформа во јавната администрација, на локалната администрација..

Целиот фокус на економската политика треба да се насочи кон унапредување на економскиот живот и стандардот на граѓаните, кон повеќе инвестиции, повеќе нови работни места

Она што е потребно е стабилност на законодавната рамка, стабилност и предвидливост на даночната политика, која не смее да биде  краткорочно средство за гаснење на пожари.

Во барањето начини како да се зголеми економскиот раст, мора да се посвети внимание на финансискиот сектор во Македонија, кој вака како што е поставен е кочница на развојот на македонската економија. Заштедата која граѓаните ја чуваат во банките надминува 3,8 милијарди евра. Но, во исто време кредитирањето на компаниите се намалува или стагнира, што значи дека банките заради разни причини не вршат ефикасна алокација на вишоците на пари во економијата во добри и профитабилни проекти, што е погубно за една економија.
Владата мора да најде начин да ја докапитализира и заживее Македонската банка за поддршка на развојот, која треба да излезе на пазарот како конкуренција на деловните банки и да го олесни и поевтини пристапот до финансии за македонските компании кои сакаат и имаат потенцијал да растат и да се развиваат.
Освен заживување на МБПР, Владата треба да почне да размислува и за заживување и легализирање на crowfunding-от, како се популарен начин на собирање на пари за добрите проекти, потоа институционализирање и даночни ослободување за бизнис ангелите, кои ќе инвестираат во стартапи и фирми кои се во најрана фаза во развојот.

Во Македонија има пари, но како што сега стојат работите тие се заробени во банките, кои плашејќи се да прифатат ризик, одбиваат да ги кредитираат компаниите, кочејќи го така развојот.
Ако Македонија сака поголем економски раст, мора да се обезбеди поголем избор на финансиски можности за финансирање.

Од политиката која ја најавува Владата се насетува дека има волја предизвиците да ги претвори во можности. Би било добро тие политики да резултираат со конкретни мерки кои ќе го забрзаат економскиот раст.

Во новата година сите влегуваме со очекување за поголема стабилност, пред се на политичка и законодавна стабилност, за да може бизнисот да ги почувствува ефектите од најавените политики.

Индустриите кои имаат потенцијал и луѓето кои имаат идеја за добар бизнис мора да бидат најголемиот адут на Македонија во остварување на целта за повисок економски раст. Тој адут мора да се искористи.Ако како држава не успееме да ги искористиме овие адути во овој критичен момент на пресврт, Македонија ќе продолжи да паѓа во маѓепсаната спирала, во кој влеговме токму заради популистичките политики на претходната власт и одбивањето да се соочи до потребните реформи.

Популизмот кој ги водеше политичарите во изминатите 10 па и повеќе години го плаќаме и денес. Таквите политики мора да престанат, по цена да паднеме уште пониско од ова ниво на кое што сме денес.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×