Постигнат е коалициски договор за нова влада на Германија
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел и Социјалдемократската партија на Мартин Шулц постигнаа договор за состав на нова коалициска влада, јавија германски медиуми.

Телевизијата А-Ер-Де, Шпигел, Билд објавуваат дека постои коалициски договор и дека последните несогласувања биле надминати. Тие се однесуваа на распределбата на министерските функции, реформи во здравството и пазарот на труд.

Се очекува до крајот на денот коалицискиот договор да биде претставен на јавноста.

Изборите во Германија се одржаа во септември минатата година. Преговорите меѓу Меркел и партијата на Шулц продолжија повеќе од предвиденото.

Вчера Меркел изјави дека е подготвена за болни компромиси за да се постигне коалициски договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×