Германски „Костал“ најави дека ќе инвестира 50 милиони евра во Македонија
Објавено на од во Компании

Германската компанија „Костал“ ја официјализира инвестицијата во Македонија. Како што соопштија од компанијата на вчерашното потпишување на договорот, „Костал“ ќе вложи 50 милиони евра и ќе вработи 1.000 луѓе, а новата фабрика, која ќе биде сместена во охридско- струшката зона ќе произведуваат електронски компоненти за автомобилската индустрија…

Во моментот, работата, компанијата ја стартуваше во старата зграда на ЕМО Охрид, како браунфилд инвестиција, а капацитетите во охридската зона ќе се градат наредната година.

Инаку, во оваа фабрика ќе се произведуваат електронски компоненти за автомобилската индустрија, а со производство треба да почнат во почетокот на наредната година.

„Верувам дека со блиска меѓусебна соработка ќе ги исполниме потребите на пазарот. Ќе започнеме со активности во следните недели. Можам да ви кажам дека веќе имаме 10 вработени кои посетуваа обуки во нашиот објект во ЕМО, а со новиот објект ќе стартуваме идната година и очекуваме 1.000 вработувања“, вели Кристофер Сандерс, извршен потпретседател на „Костал“.

Преговорите со „Костал“ почнале уште во 2011-та година. Од Кабинетот на премиерот Никола Груевски велат дека реализирањето на инвестицијата е потврда за истрајноста и за успешноста на политиките за привлекување нови инвестиции.

„Интензивно работевме да им докажеме дека токму Македонија е правата дестинација за нивниот нов производствен погон. Се работи за еден многу важен настан не само за Охридско- струшкиот регион, меѓута и за целата држава“, изјави Алек Никовски, советник во Кабинетот на премиерот Никола Груевски.

Според најавите од Владата, во објектот на „Костал“ ќе бидат ангажирани поранешни вработени во ЕМО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×