Потпишан договорот за името помеѓу Македонија и Грција
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

“Денес поместивме планини со Грција, ставивме крај на еден долгогодишен спор, долгогодишни разлики што ставија ѕид на меѓусоседските односи. Со овој договор градиме доверба помеѓу двете земји, иницијативи што ќе донесат подобар живот. Процесот низ којшто минавме ни донесе пријател, градиме партнерство и сојузништво со Грција“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев. 

IMG_20180617_104802 - Copy

 

 

 

 

 

 

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас,  во местото Псарадес/Нивици крај Преспанското езеро на грчката страна, штотуку го потпишаа договорот за решавање на проблемот со името, со што се стави крај на 25 годишниот спор помеѓу двете соседски земји.

“Денес поместивме планини со Грција, ставивме крај на еден долгогодишен спор, долгогодишни разлики што ставија ѕид на меѓусоседските односи. Со овој договор градиме доверба помеѓу двете земји, иницијативи што ќе донесат подобар живот. Процесот низ којшто минавме ни донесе пријател, градиме партнерство и сојузништво со Грција“, изјави македонскиот премиер Зоран Заев.

„Противниците на овој договор треба да знаат: Нашите општества, македонското и грчкото, се дел од европскиот систем на вредности. Нашите граѓани едноставно ги заслужуваат мирот, демократијата, владеењето на правото, економскиот просперитет…Европскиот концепт е цивилизациска вредност која е демократска и која се противи на манипулациите на популизмот и стравот. Противниците на овој договор имаат право на свое мислење и став. Тоа е европски манир. Исто како што е европски манир да му дадеме шанса на понуденото решение“, додаде Заев.

Договорот, чиешто официјално име е „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817  (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“, предвидува  ново име за Република Македонија, кое ќе се употребува ерга омнес, односно во секоја пригода и во земјава и надвор од неа, а официјалниот јазик на земјата е македонски, додека државјанството ќе биде „македонско/граѓанин на Република Северна Македонија“. Договорот го потпиша и посредникот на ОН, Метју Нимиц на денот на својот роденден.

На церемонијата присуствуваа и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло.

IMG_20180617_104727

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×