Потпишан Меморандум за меѓусебна соработка меѓу Самит100 и Коморскиот инвестициски форум
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во рамки на годинашниот Самит100 беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу регионалната платформа Самит100 и Коморскиот инвестициски форум на шест земји од Западен Балкан (WB6 CIF), тело за регионална соработка на коморите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Форумот e формиран е на маргините на Самитот во Трст за Западен Балкан.

Според потписниците на Меморандумот, претседателот на Управниот одбор на Самит100, Живко Мукаетов, и претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, целта на меморандумот е да ги обедини силите од приватниот сектор и силните регионални компании да работат заедно на спроведувањето на договорените проекти од Берлинската иницијатива.

„Годинава во Скопје, регионалната соработка на Самит100 е официјализирана преку потпишување на Меморандум за меѓусебно разбирање и соработка на нашата платформа со Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6. Меморандумот се однесува на поттикнување на деловната соработка и унапредување на конкурентноста на регионалната и националните економии“, рече Живко Мукаетов во рамките на своето обраќање.

Осврнувајќи се на темите дискутирани во рамки на Самит100 и продлабочување на поврзаноста во регионот преку соработка на теми како побрза трговија со стоки и услуги, транспорт, енергија и брендирање на потеклото, Чадеж изјави „сакаме да помогнеме во остварување на тие задачи придонесувајќи во отстранувањето на царинските бариери, синхронизирање на документацијата, но и синхронизирање и на останатите процедури. Наша задача е да ја задржиме оваа тема високо на агендата и мислам дека таквата подготвеност сега постои, но не смееме да се опуштиме. Ова е прашање на опстанокот на нашиот регион“, заклучи Чадеж.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×