Потпишани 74 договори од два милиони евра за проекти за развој на села и подрачја
Објавено на од во Економија
Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа до крајот на годината ќе бидат реализирани 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во 54 општини.
vladaВкупната вредност на проектите е 124 милиони денари, или два милиона евра. За таа цел во Владата беа потпишани договорите за финансирање на проектите со градоначалниците на општините чии проекти беа одобрени.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој присуствуваше на потпишувањето, рече дека годинава Програмата за регионален развој изнесува седум милиони евра за разлика од минатата која изнесуваше пет милиони евра.
„Сега ќе се потпишат договори за 74 проекти од рурални подрачја и за подрачја со специфични потреби, 35 проекти за развој во селата, 39 проекти за развојни подрачја со специфични потреби, ќе бидат издвоени околу два милиони евра. Тоа се 30 проценти од вкупната програма од седум милиони евра, и изнесуваат 410 милиони денари на годишно ниво“, рече Анѓушев.
Според него, целта е да се финансираат проекти, пред се, во инфраструктура, бидејќи доколку продолжиме да развиваме само неколку поголеми центри, ќе ни се случи да немаме рамно распределена држава, и со рамномерен регионален развој.
„Поради тоа, најмалку средства се одделени за поголемите подрачја, а сите средства се распределени во пасивните краишта и руралните средини, се со цел да се подобри животот на жителите во тие делови. Со кревање на стандардот во руралните и пасивните средини целта е да обезбедиме приближно исти услови за живот на сите граѓани, на територијата на цела држава, инфраструктура, патишта, водоводи и останати комунални услуги“, рече Анѓушев.
Вицепремиерот потсети дека во соработка со Швајцарската амбасада во тек е подготовка на софтвер со којшто на крајот на годината ќе може да се види како се потрошени парите од државата, со цел да се направи увид во подигнување на стандардот на жителите и на граѓаните кои се надвор од големите градски подрачја.
Министерот за локална самоуправа Горан Милески, информира дека минатата недела во Софија се потпишани договори за финансирање на 17 нови проекти од Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија во вкупна вредност од 420 милиони денари.
„Денеска ќе бидат потпишани договорите за финансирање на 74 нови проекти за развој на селата и на подрачјата со специфични развојни потреби во 54 општини. Вкупната вредност на проектите е 124 милиони денари. Проектите се финансиираат со Одлука на Владата, по претходно спроведена постапка за аплицирање и оценување. Средствата се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа“, рече Милевски.
Како што додаде, годинава ќе бидат финансирани 35 проекти за развој на селата, во вкупна вредност од 41,3 милиони денари, во сите осум плански региони – во Скопскиот ќе бидат финансирани четири проекти, во Југоисточниот шест, во Источниот пет, во Пелагонискиот три, во Полошкиот три, во Југозападниот четири, во Вардарскиот седум и во Североисточниот плански регион три проекти.
„За развој на подрачјата со специфични развојни потреби ќе бидат финансирани 39 проекти во вредност од 82,5 милиони денари. Станува збор за релативно мали проекти, но, кои што имаат големо значење за жителите во руралните населени места затоа што решаваат конкретни проблеми и ги подобруваат условите за живеење“, истакна Милески.
Посочи дека проектите главно се однесуваат на изградба и реконструкција на локални патишта, системи за греење во основни училишта, системи за одведување на отпадни води, подобрување на процесот за собирање на отпад, поставување на урбана опрема и слично.
Со средства од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа за 2019 година, веќе се во фаза на реализација и 43 проекти за развој на осумте плански региони, во вкупна вредност од 290 милиони денари.
„Во државата се уште постојат големи развојни разлики, особено меѓу урбаните и руралните општини и населени места. Тие разлики се одразуваат и на квалитетот на јавните услуги. Се уште има населени места без канализација, без асфалтирани улици, училишта без соодветни услови за изведување на наставата, се уште има проблеми со собирање и складирање на отпадот. Затоа рамномерниот развој е високо во приоритетите на Владата и на Министерството за локална самоуправа“, рече Милески, додавајќи дека во тек е подготовка на нова Стратегија за регионален развој и подготовка на измени на Законот за рамномерен регионален развој.
До Бирото за регионален развој, како што информираше директорот Рамиз Реџепи, пристигнале голем број проекти и потребни се повеќе средства во Програмата за рамномерен регипонален развој за задоволување на потребите на граѓаните.
На настанот говореа и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулевска и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кои истакнаа дека со проектите кои ќе се реализираат се решаваат проблеми на илјадници граѓани, при што ја поздравија тенденцијата на Владата за зголемување на средствата во Програмата за рамномерен регионален развој, како и одлуката на Владата за продолжување на процесот на децентралзација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×