Потребата од бизнис ангели сè поактуелна
Објавено на од во Економија

Со помош на CEED Business Angels Club досега се претставени 135 бизнис идеи, а остварени се инвестции во висина од 250.000 евра.

biznis angeli jie

Улогата и потребата од бизнис ангели беше главна тема на вчерашната трибина насловена „Стани бизнис ангел – поддржете успешна бизнис идеја“, којашто се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.

На трибината, која имаше цел на присутните да им појасни што значи да се биде бизнис ангел,  се обратија Сибил Зутер, амбасадорката на Швајцарија,  Јован Маџовски од CEED Global, Арон Браун, бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на бизнис ангели, Академик Абдулменаф Беџети, ректор на Универзитетот на ЈИЕ, Вељанд Рамадани, професор на Универзитетот на ЈИЕ, министерот без ресор, Зоран Шапуриќ, и Блерим Златку, државен советник за индустриска, политика конкурентност и општествена одговорност.

“Добро подготвената бизнис идеја којашто е спремна за инвестиција е клучниот мотив за бизнис ангелите да инвестираат“, потенцираше Сибил Зутер, амбасадорката на Швајцарија.

Праксата покажува дека земјите со мали пазари, како Македонија, не се цел на инвестирање на бизнис ангелите, но со вакви заложби и едуцирањето тоа може да се промени.

Инвестицијата подразбира и ризик, но исто така и шанса за профит, учење, мотивација, поддршка и други придобивки од соработката меѓу стартапот и бизнис ангелите.

Бизнис ангелите можат да одиграат клучна улога во просецот и оттука произлегува и потребата за зголемување на ваквиот тип на инвестиции.

Настанот беше организиран од страна на CEED Macedonia Business Angels Club, со поддршка од Министерство за економија и Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP).

Со помош на CEED Business Angels Club досега се претставени 135 бизнис идеи, а остварени се инвестции во висина од 250.000 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×