Потребна ни е нова економска визија!
Објавено на од во ДЕЛОВНА 2018

Crystal-BallШто прогнозираат и очекуваат македонските бизнисмени?

За новогодишното издание на “Капитал” ги поканивме менаџерите на најголемите и најуспешни македонски компании да ги споделат со јавноста нивните бизнис планови, прогнози и очекувања за следнатаделовна  2018 година. Сите без исклучок очекуваат нормализирање и стабилизирање на економијата, но се умерени оптимисти бидејќи се свесни дека натрупаните проблеми од изминатите години допрва треба да почнат да се решаваат, за да може економијата да постигне поголеми стапки на раст.

 

За новогодишното издание на Капитал ги поканивме менаџерите на најголемите и најуспешни македонски компании да ги споделат со јавноста нивните бизнис планови, прогнози и очекувања за следната 2018 година.

Сите без исклучок очекуваат нормализирање и стабилизирање на економијата,  но се умерени оптимисти бидејќи се свесни дека натрупаните проблеми од изминатите години допрва треба да почнат да се решаваат за да може економијата да постигне поголеми стапки на раст.
По економското забавување условено од долгата политичка криза, Македонија ќе ја заврши 2017 година со економски раст од околу 0,5%. За следната 2018 година се очекува раст од 3,2%, што е многу далеку од посакуваните и потребните стапки на економски раст од над 5%.
Главни двигатели на овој раст се очекува да бидат приватната потрошувачка, поттикната од растечката вработеност, заздравувањето на инвестициските процеси и изградбата на двата големи автопата, кои во втората половина од 2017 година беа стопирани.
Она што е заедничко и околу што сите бизнисмени се согласуваат дека следната 2018 година, но и годините кои следат, Македонија мора да го смени економскиот модел и растот и развојот да го базира на извозот. Само извозот е тој кој може да донесе поголем раст, зголемување на производството и инвестициите и отворање на нови работни места кои очајно и требаат на Македонија. Државата и компаниите мора заеднички да ја креираат стратегијата за поголем извоз, до цел да се изнајдат потенцијалните индустрии кои можат да го повлечат растот и со соодветни фокусирани мерки да се поддржат компаниите кои можат да испорачаат позитивни резултати.
Сепак, бизнисмените се реални оптимисти и очекуваат дека ова нема да биде лесно да се постигне. Посебно предизвикувачки ќе биде да се одржи ликвидноста, во услови на тешка и долга наплата на побарувањата, како и конкурентноста, во услови на покачување на цената на електричната енергија, порастот на платите и порастот на цените на некои суровини на светските берзи. Она што им останува е да работат на подобрување на енергетската ефикасност, подобрување на продуктивноста, рационализација на трошоците…Она што охрабрува што многу од извозните компании најавуваат инвестиции во нови производи и брендови , како и во нова технологија и истражување и развој.
Во Буџетот за 2018 година се предвидени околу 400 милиони евра за капитални инвестиции, или 5,7% повеќе од 2017 година. Се предвидува засилена изградба на железничката инфраструктура на Коридорите 8 и 10, за кои беше најавено дека Македонија ќе добие грант од 70 милиони евра за пругата кон Бугарија. Бизнисмените очекуваат овие пари од буџетот навистина да се инвестираат, а не како и досега да бидат први за кратење кога треба да се намали државната потрошувачка.

Македонската економија оваа година е поставена пред можеби најголемиот предизвик, односно да ја врати довербата на македонските компании, поточно на малите и средните фирми, и да создаде амбиент за развој на сите. Бизнисмените имаат големи очекувања од новата Влада кои ќе треба да се исполнат, со цел да почнат да се менуваат работите и да се поместиме од статус кво.
Средување на состојбите на пазарот, редефинирање или создавање ефективна политика за поддршка на развојно насочените компании, создавање на платформа за стимулирање на развојот, асистирање и логистика при излегување на странските пазари.
Бизнисмените се уверени дека овие промени би придонеле за поголем развој на компаниите, а нивниот просперитет е главниот инпут кон зацврстување на економијата.

На менаџерите на најголемите македонски компании им ги поставивме следниве прашања

  • какви се нивните очекувања и прогнози за следната 2018 година на ниво на компанија ?
  • кои се најголемите предизвици со кои ќе се соочат нивните компании?
  • кои се нивните очекувања и проценки за македонската економија и каде ги гледаат најголемите предизвици и потенцијали за поголем економски раст следната деловна 2018 година.

Во прилог можете да ги прочитате нивните проценки и очекувања за деловната 2018 година:

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×