Потврдена судската одлука „бомбите“ да не може да се користат како докази
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 одлучи дека прислушуваните материјали што ги презентираше опозицијата во проектот „Вистината за Македонија“, познатите „бомби“, не можат да се користат како докази. Одлуката следува откако Апелацискиот суд се прогласи за ненадлежен да решава за снимките и транскриптите од прислушуваните разговори. Кривичниот совет денеска ги отфрлил жалбите на 21 обвинител и ја потврдил одлуката на судијата на претходна постапка.

На почетокот на септември Основниот суд Скопје 1 донесе одлука дека аудио записите и транскриптите од „бомбите“ не можат да се користат во судска постапка, бидејќи не биле прибавени според Законот за следење на комуникациите и измените на истиот. Судот тогаш одлучувал по барање на адвокатот Никола Додевски, а во однос на постапките почнати во Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесените кривични пријави од СДСМ, против осомничените Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Ирена Мишева, Мартин Протуѓер, Тони Трајковски и Коце Трајановски.

gs

 

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески, тогаш изјави дека одлуката оти „бомбите“ не може да се користат како докази е „скандал од невидени размери во Македонија“, и оцени дека власта со потегот сака намерно да направи да нема потреба од специјален обвинител.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×