Повеќе нови фирми се отвораат само во Скопје, претприемачката иницијатива во внатрешноста замира
Објавено на од во Економија

Минатата година се отвориле вкупно 7.346 нови фирми што е 6,7% или 532 фирми помалку отколку претходната година.

prilepНајмногу нови бизнис почнале во секторот трговија на големо и мало 1.854, потоа во секторот други услужни дејности се отвориле 999 нови компании, а 758 фирми се отворени во преработувачката индустрија. По одделни региони, очекувано, најмногу нови компании во текот на 2018 година се регистрирани во Скопскиот и тоа 3.164 фирми, а најмалку, пак, во Вардарскиот регион и тоа само 440 компании. Но, ако се анализира отворањето на фирми според региони, освен во Скопскиот регион каде има раст, секаде има пад на бројот на новоотворени фирми. Во сите седум региони, освен Скопскиот, во 2018 година се отвориле 4.200 нови фирми, чиј број е за 25% помал во споредба со бројот на новоотворени фирми во 2015 година.

Најголемата причина за намалувањето на претприемачката иницијатива во внатрешноста на земјава експертите ја препишуваат на масовното иселување на млади луѓе, кое се интензивираше во последните неколку години. Како втора значајна причина за овој тренд е преголемата миграција кон Скопје и погрешните политики со кои сите активности се концентрираат во главниот град, додека останатиот дел од земјата условите за живот и бизнис се влошуваат.

Целата сторија во најновиот број на Капитал.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×