Повеќе нови фирми се отвораат само во Скопје, внатрешноста замира!
Објавено на од во Економија

Минатата година се отвориле вкупно 7.346 нови фирми што е 6,7% или 532 фирми помалку отколку претходната година. Најмногу нови бизнис почнале во секторот трговија на големо и мало 1.854, потоа во секторот други услужни дејности се отвориле 999 нови компании, а 758 фирми се отворени во преработувачката индустрија. По одделни региони, очекувано, најмногу нови компании во текот на 2018 година се регистрирани во Скопскиот и тоа 3.164 фирми, а најмалку, пак, во Вардарскиот регион и тоа само 440 компании. Но, ако се анализира отворањето на фирми според региони, освен во Скопскиот регион каде има раст, секаде има пад на бројот на новоотворени фирми. Во сите седум региони, освен Скопскиот, во 2018 година се отвориле 4.200 нови фирми, чиј број е за 25% помал во споредба со бројот на новоотворени фирми во 2015 година.

12c1Се помалку луѓе во земјава имаат желба и иницијатива да отворат фирма. Податоците покажуваат дека бројот на новоотворени фирми во земјава е во постојано опаѓање. Единствено во Скопје бројот на новотворени фирми бележи раст, додека во внатрешноста се чини дека претприемачката иницијатива полека замира со оглед на фактот дека податоците покажуваат дека секоја година се отвораат се помалку нови бизниси.
Податоците од Централниот регистар покажуваат дека минатата година се отвориле вкупно 7.346 нови фирми што е за 6,7% или 532 фирми помалку отколку годината претходно. Најмногу нови бизнис почнале во секторот трговија на големо и мало 1.854, потоа во секторот други услужни дејности се отвориле 999 нови компании, а 758 фирми се отворени во преработувачката индустрија. По одделни региони, очекувано, најмногу нови компании во текот на 2018 година се регистрирани во Скопскиот и тоа 3.164 фирми, а најмалку, пак, во Вардарскиот регион и тоа само 440 компании.
Меѓутоа, ако се анализираат податоците за последните десет години, евидентно е дека минатата година е една од најслабите според бројот на нови регистрирани компании. Пикот на овој графикон достигнува во 2010 година кога се уште не се чувствуваа значително негативните последици од економската криза и регистрирани биле 11.685 нови компании. Во споредба со бројот на новоотворени фирми во 2018 година бројот на новоотворени фирми е намален за речиси 40% или лани се отвориле за 4.321 фирма повеќе отколку пред осум години.
Ако се анализира отварањето на фирми според региони, освен во Скопскиот, секаде има пад на бројот на отворени фирми.
Така, во Полошкиот регион, кој е втор после Скопскиот по бројот на новоотворени бизниси, податоците покажуваат дека во 2015 година се отвориле 1.117 бизниси, додека во 2018 година имало само 865 новоотворени фирми. Во Пелагонискиот регион во 2015 година биле отворени 1.052 фирми, додека во 2018 година имало само 775 нови отворени фирми. Во сите седум региони, освен Скопскиот, во 2018 година се отвориле 4.200 нови фирми, чиј број е за 25% помал во споредба со бројот на новоотворени фирми во 2015 година.
Отварање на фирми-REGIONIНајголемата причина за намалувањето на претприемачката иницијатива во внатрешноста на земјава експертите ја препишуваат на масовното иселување на млади луѓе, кое се интензивираше во последните неколку години. Како втора значајна причина за овој тренд е преголемата миграција кон Скопје и погрешните политики со кои сите активности се концентрираат во главниот град, додека останатиот дел од земјата условите за живот стануваат се полоши.
Со игнорирањето на вложување во развојот на локалните средини, Македонија сè уште е една од фискално најцентрализираните држави во Европа. Најголем дел од општините немаат доволно финансиски средства за успешно да ги извршуваат законските надлежности и да обезбедат квалитетни услуги за граѓаните. Тоа ја прави Република Македонија исклучително нерамномерно развиена земја, со огромни разлики меѓу урбаните и руралните општини, кои се уште поголеми кога се споредува Скопје и остатокот од Македонија. Голем број општини се толку финансиски слаби што не можат да ги покријат ни тековните трошоци како превоз на учениците и за затоплување на училишните објекти. За другите поголеми капитални проекти, како изградба на патишта и училишта, поддршка на домашни и странски инвеститори и развој на туризам, локалните самоуправи чекаат пари од централната власт.

Како што покажуваат податоците, најголема иницијатива за отворање на нов бизнис има во услужните дејности, бидејќи е потребен помалку капитал за старт. Меѓутоа, податоците покажуваат дека во овие дејности се најголеми и шансите да пропаднете.

По одделни сектори, исто како и според бројот на нови регистрирани фирми, прв на листата е секторот трговија на големо и мало од каде што се избришани најмногу фирми. На второ место е преработувачката индустрија, а потоа следува секторот дејности со храна и објекти за сместување каде што згаснуваат најмногу компании.
Податоците покажуваат дека во 2018 година, дури 3.505 фирми згаснале, и нивниот број е помал во споредба со претходната година за 13%. Но, анализирано наназад неколку години бројот на фирми кои годишно се затвораат е се поголем.

Има неколку најчести причини за пропаѓањето на фирмите. Една од причините секако е кризата, односно забавената економска активност, неликвидноста, падот на куповната моќ…
Друга причина е лошото планирање. Секој проект кој се финансира со кредити, како што бараат и банкарите, треба да биде добро анализиран, да се направат прецизни, конзервативни, проекции и да се предвидат стратегии за излез, односно надминување на проблемите со ликвидноста до кои може да дојде.

Според некои проценки, блокирањето на фирмите во Македонија во најголем дел произлегува од обврските по основ на повеќе јавни давачки како комунални трошоци, даноци, а дури на крајот доаѓаат долговите по кредити и други облигации.
Банкарите со својата верзија на приказната, уверуваат дека прават се за да им помогнат на компаниите да ги надминат финансиските проблеми без фатален крај за бизнисот.
Велат дека клучно е да се направи соодветна анализа на бизнис планот и финансиската состојба на секој бизнис.
„Сметаме дека уште во почетната фаза можат да се спречат и променат некои параметри кои претставуваат потенцијален ризик за развојот на бизнисот и неговата способност да го отплаќа долгот. Тука лежи клучната улога на банката. Дополнително за претпријатијата кои и покрај тоа се соочуваат со финансиски тешкотии за отплата на долгот, зависно од случајот нудиме реструктурирање на истиот односно зголемување на рокот на отплата како би се намалила месечната рата. Кај некој бизниси кај што постои изразена сезонска чувствителност, на клиентите им овозможување прилагодување на рокот на отплата според сезоните со цел да не ја загрозат тековната ликвидност и да не западнат во финансиски тешкотии за сервисирање на долговите“, коментираат банкарите
Анализирајќи ги причините зошто бизнисмените се доведуваат во загуба, велат дека намалената побарувачка во некои сектори и намалувањето на производството не е клучниот проблем што предизвикува банкротства, туку лошо менаџирање на компаниите.
Најмногу се отвораат трговски фирми
Демографијата на новите отворени фирми лани покажува дека стопанството се збогатило најмногу со трговци на големо и мало кои што најчесто продаваат облека или храна. Ваквата слика е резултат и на банкарските принципи да не финансираат почетни бизниси, така што во услови кога нема кредитна поддршка, највозможна варијанта е отворање мал бизнис, а изборот во тој случај вообичаено паѓа на трговијата. Овие мали бизниси вообичаено вработуваат малку луѓе.
Доколку ги анализираме податоците за новооснованите субјекти во последните пет години може да се заклучи дека најактуелни дејности биле угостителството, невладините организации, малопродажбата на храна и облека, како и салоните за убавина. Иста е ситуацијата и минатата година. Во дејностите трговија на големо и мало, услужните дејности и сместување и услужни дејности со храна лани се отвориле речиси 50% од вкупниот број на новоотворени фирми, 7,5% се во градежништвото, а само 3,2% во земјоделието.
Овие проценти само укажуваат на фактот дека најголем дел од претприемачите се одлучуваат да инвестираат во бизниси поврзани си услуги и кои не создаваат додадена вредност. Напротив, пазарот станува толку заситен што голем дел од нив брзо и згаснуваат.
Досегашното искуство покажува дека најлесни за започнување на бизнис во Македонија се т.н. услужни бизниси (ИТ фирми, консултантски компании, маркетинг компании, дизајн студија, и други услужни бизниси.
Тоа е така пред се заради тоа што почетните трошоци се минимални и често бизнисот е поврзан со хоби или активност која младите ја сакаат и со задоволство ја работат. Еден од клучните елементи за успех во работата кај старт-ап бизнисите е голема упорност и посветеност на она што се работи и остварување на што е можно поголем број на контакти и нетворкинг во функција на формален и неформален маркетинг и ширење на „абер“ за бизнисот. Во вакви случаи почетокот на бизнисот е можен со средства од 2000 – 5000 евра. Веќе се јавува проблем кога се сака да се направи бизнис кој во себе вклучува производство. Тука се потребни поголеми средства и за млади лица, колку и да е иновативна идејата, тешко е да се обезбедат десетици илјади евра почетен капитал. Обезбедувањето на посериозен старт-ап капитал е еден од клучните проблеми за започнување на бизнис (особено во прозиводната сфера).

Друг проблем е се уште присутниот менталитет дека отпочнувањето на сопствен бизниси е далеку поризично во споредба со работа во голема компанија или во јавна администрација.

Веројатно ќе треба да помине одреден период за да се смени свеста за младите да се охрабрат и да започнуваат сопствени бизниси. Иако властите прават напори преку финансиска поддршка преку Фондот за иновации и преку отворање на инкубатори да ја поттикнат претприемачката иницијатива, овие напори ќе вродат со плод за неколку години.

16c1Кои бизниси најмногу преживуваат?

Ако во светски рамки, околу 50% од новите компании пропаѓаат во првите пет години во Македонија нешто помалку од половина, поточно 43,2% од новосоздадените компании во 2009 година во Македонија сè уште биле активни во 2014 година, покажаа последното истражување на Државниот завод за статистика.
Во Македонија државната статистика измерила дека 79,4% од новоформираните фирми ја преживуваат првата година, 52,6% првите две, 48,1% првите три, 37,6%првите четири години…
Гледано по бизнис сектори, првата година ја преживеале најмногу фирми отворени во здравствената и социјалната заштита, и тоа дури 92,8%, Трговијата на големо со информатичко – комуникациска технологија, 91,7%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа, 91,4%, Финансиски дејности и дејности на осигурување, 90%, итн.
Кога станува збор, пак, за првите пет години, исто така најмногу преживуваат компаниите од здравствената дејност, со 79,5%. Во случајов, оваа дејност води убедливо пред другите, високо над просекот на целата економија од 43,2%. Втората според стапката на преживување е дејноста Стручни, научни и технички дејности, со 56,9%, Снабдување со ел.енергија и гас, со 56,5%, ИКТ трговија на големо, со 56,3%, итн. Најмногу фирми пропаднале, односно најмалку ги преживеале првите пет години во секторите: Снабдување со вода; управување со отпад и санација на околината, со само 27,9%, Уметност, забава и рекреација со 29,8% и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 30,4%.
Иако фактот дека имате 50% шанси да ги доживеете првите пет години не звучи претерано охрабрувачки, работата е во тоа што не морате се да и препуштите на веројатноста. Неколку македонски претприемачи кои што ги преживеале првите критични години велат дека од сопствено искуство, новите бизнисмени мора да внимаваат на неколку работи главно, и тоа да нема измами помеѓу партнерите во компанијата, да се избегнуваат ортачки бизниси, испумпување на пари од компанијата за купување скапи предмети за приватни потреби на сопственикот за сметка на нова машина, хала, маркетинг или плати. Потоа, да се одбегнува преголемо инвестирање во рамки на една активност, неусогласено со потребите на пазарот, презадолжување, особено кога се работи за краткорочни кредити за долгорочни проекти, расплинување на многу страни, влегување во ризични бизниси, поради поголеми профити, без оглед на тоа што тоа нема врска со работата врз која се гради успехот и името на компанијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×