Повеќе од 300 грчки интелектуалци се потпишаа за поддршка на Договорот за името
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

AtinaПовеќе од 300 грчки интелектуалци се потпишаа на документ со кој се поддржува неодамнешниот Договор за името меѓу Грција и Македонија.

Меѓу потписниците, како што пренесуваат грчки портали, има артисти, писатели, академици, универзитетски професори, политичари и други поединци кои се декларираат како „левичари, демократски, прогресивни граѓани“ кои го поздравуваат договорот како „историски“ и „чесен договор кој обезбедува иднина…на мир, солидарност и заеднички развој“.

„Историскиот договор од Преспа од 17 јуни стави крај на проблем што траеше 25 години и повеќе во нашиот регион. Тоа е чесен договор кој обезбедува иднина на мир на двете држави и на нашето балканско соседство, како и солидарност и заеднички развој.

Сложеното име со географска одредница за севкупна употреба и ревизија на уставот е целосно во согласност со цврстите грчки позиции и ја докажува волјата на соседната земја за мирен соживот на двата народа.

Договорот ја растури ‘сивата зона‘ што ја создаде долгогодишното нерешено прашање на ‘поранешната држава‘ и го потврди, со меѓународен печат, политичките, историските и културните граници меѓу грчка Македонија и ‘Северна Македонија‘. Тоа е единствениот начин да се расчисти со иредентизмот на Балканот, еднаш засекогаш.

Со Договорот исто така се почитува достоинството и правото на сопствена идентификација на соседната земја. Потврдата на јазикот (како што беше признат од Грција со децении) и националноста на соседната земја ја потврдува волјата на Грција да гради долга иднина на пријателство и мир со ‘Северна Македонија‘. Грција, како демократска европска земја, ги почитува одлуките и фундаменталните принципи на ОН.

Во овие историски времиња кога Европа се соочува со пораст на крајната десница, национализмот, шовинизмот и расизмот, феномен кој доведе до крвопролевање во Европа и на Балканот; во овие историски времиња кога во нашата земја, со овој договор, се соочуваме со чудовиштето на фашизмот и сите оние кои го хранат, кругови кои го претставуваат темното минато, го делат грчкиот народ и политичките сили на национални предавници и национални спасители, поделба која удира по темелите на демократијата; во време кога на Балканот и нашето пошироко соседство се замислуваат опасни ревизионизми кои превидуваат темна иднина:

Ние, левите, демократски, прогресивни граѓани го поддржуваме Договорот бидејќи ние сме против национализам и ревизонизми, бидејќи ние сме за европско балканско соседствосо мир и солидарност, бидејќи Договорот ги надминува националистичките и религиозните тензии. Ние се залагаме за достоинството на народите. Ние го поддржуваме договорот бидејќи сметаме дека тоа е наша патриотска, меѓународна и демократска должност“, пишува во писмото од грчките интелектуалци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×