Повеќе од милион денари за општествено одговорни проекти собрани на донаторската вечер на „АмЧам“
Објавено на од во Компании

Приватниот сектор донираше повеќе од милион денари за три проекти од граѓански организации, кои беа претставени на донаторската вечер организирана од Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам), синоќа во хотелот Хилтон во Скопје.

DSCF1964-3Претставниците од приватниот сектор има можност да одберат за кој од трите проекти, „Урбана градина во Ресен“, „Шумско школо“ и „Од тебе зависи“, ќе донираат средства.

Извршната директорка на АмЧам, и модератор на настанот, Дијана Десподов, во своето обраќање на почетокот на донаторката вечер истакна дека успешноста на оваа донаторска вечер покажува дека приватниот сектор има високо развиена свест за општествена одговорност, и како што рече таа „ако можеме ние, можат и други“.

„Горди сме што имаме членство кое што ја разбира моќта на давањето, давање при кое не се очекува ништо за возврат, кое има за цел да помогне, да поддржи, да поттурне таму каде што е потребно да се инволвираме како приватен сектор. Идејата на настанот не е само да се собереме и да финансираме проекти кои што се општествено корисни, туку и да изградиме заедница. Успеавме да мобилизираме повеќе од 30 луѓе од различни компании кои учествуваа во организацијата на настанот, и повеќе од 20 компании донираа за проектите“, рече Десподов пред присутните.

Проектите

Урбана градина во ресен е проект кој промовира практикување на одржливо урбано земјоделство со атрактивни вертикални градини преку социјално претпријатие во кое се работно ангажирани социјално загрозени лица со телесна попреченост од Преспа.

Проектот беше презентиран од Здружението за локален развој „Локална акциона група Преспа Ресен“. Шумско Школо, проект претставен од првиот скопски извиднички одред – ПСИО, беше презентиран како проект за збогатување на програмата и опремата на извидничкиот одред за што повеќе деца и млади да можат да се активираат во активностите во природа.

Здружението за поддршкаа и заштита на децата и семејствата со ризик „За среќно детство“, пред приватниците го претстави својот проект „Од тебе зависи“, кој има за цел поголемо вклучување на лицата со попреченост на пазарот на трудот, преку подобрување на нивните вештини и квалификации кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството.

На донаторската вечер беа собрани сите средства потребни за реализација на презентираните проекти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×