Повикот на Путин, Русија да се откаже од доларот, станува реалност
Објавено на од во Економија
Откако претседателот Владимир Путин вети дека ќе ја намали употребата на долари во руската економија, земјата работи и резултатите се веќе видливи, пишува Блумберг.
рублја доларПромената е дел од стратегијата за „де-доларизација“ на руската економија и да се намали нејзината ранливост од санкциите на САД. Но, додека централната банка беше во можност брзо да се ослободи од половина од своите резерви во долари при стабилизацијата, напредокот на трговијата останува бавен.
Учеството на еврото во рускиот извоз се зголеми за четврт последователен квартал на сметка на американската валута, покажуваат податоците на централната банка. Заедничката валута предничи во тргоијата со Европската Унија и Кина, а размената на стоки и услуги во рубљи со Индија, исто така, расте. Учеството на доларот во увозот останува непроменето и е околу една третина.
„Постои силен стимул за промена, не само за Русија, туку и за нејзините трговски партнери“, рече Дмитри Долгин, економист во ИНГ банка во Москва.
Европската Унија, исто така, се исправува пред трговски тензии со САД“, што го предизвикува Брисел да ја намали зависноста од доларот, рече тој. Еврото е на втората позиција, нешто помалку од доларот, како валутата што се користи за извозот на Русија во Европската Унија, при што уделот на заедничката валута се искачи на 42% во првиот квартал, од 32% една година порано.
Русија сепак се потпира на доларот во повеќе од половината од вкупната трговија, што изнесува 687,5 милијарди американски долари годишно, иако помалку од 5% од тие зделки се со САД.
„Дел од желбата на Русија за промена лежи во забавувањето на трансакциите во долари, бидејќи западните компании треба да проверат дали таквите трансакции се дозволени“, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов во декември.
Еврото исто така расте во трговијата меѓу Русија и Кина, достигнувајќи 108 милијарди американски долари на годишно ниво. На почетокот на 2018 година, заедничката валута скоро и да не се користеше,, но во првиот квартал на 2019 година зафати една третина.
„Трговијата со јуани е тешка поради ограничувањата на пристапот на странците до кинески средства, што го наметнува Пекинг“, вели Дмитриј Тимофеев, кој е раководител на одделот за санкции при Министерството за финансии на Русија.
Најдраматична е промената во трговијата на Русија со Кина, каде рубљата е веќе користена во три четвртини од извозните зделки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×