Повисоки трошоците за храна и туристички аранжамани
Објавено на од во Економија
Трошоците на живот во јуни во однос на мај годинава се намалени за 1,1%, а споредено со јуни лани се зголемени за 0,3 %. Цените на мало пак  во јуни во однос на мај се намалиле за 0,7%, а споредено со јуни лани се на исто ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
pari-denari-1Намалени трошоци живот во јуни годинава, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 20,3  проценти, трбушките за 0,5  проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3%, рибата и морските плодови, сирењето и урдата, другите млечни производи за 0,2%.
Намалување на трошоците на живот е забележано и кај течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3,5 %, течните горива за домаќинствата за 2,4%, средствата за чистење и одржување стан за 1,7%, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,5 %, гасот за домаќинствата за 1,4 %, градините, растенијата и цвеќињата за  процент, теписите и другите покривки за под за 0,9%, информатичката опрема за 0,8%, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, игрите, играчките и хобијата за 0,4%, малите електрични апарати за домаќинствата, домашните миленици и сродни производи за 0,3 %.
Статистичките податоци покажуваат дека има пораст кај трошоците на животот во јуни 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 3,9%, другите пекарски производи за 0,7%, лебот и житата, месото, сушеното, соленото и чаденото месо, сувото овошје и јаткастите производи за 0,4 %, млекото, јогуртот, јајцата за 0,3%, маслото и маснотиите, алкохолните пијалаци за 0,2%.
Во јуни 2019 година, пораст на трошоците на животот е забележан исто така и кај туристичките пакет аранжмани за 3,8 %, авионскиот превоз на патници за 3,1%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 1,5%, патниот сообраќај за 0,9%, автомобилите за 0.8%, услугите за сместување за 0,7%.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×