Повредени граѓани и полицајци на вчерашните протести пред Владата. Денес најавени нови!
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Повредени граѓани и полицајци, остатоци од скршени јајца, шишиња и камења останаа да сведочат за протестите, што се случија вчера вечер пред Владата, поттикнати откако лидерот на опозицијата во 29-та бомба објави разговори меѓу, како што тврди тој, владини функционери за наводно прикривање на убиството на Мартин Нешковски.

Протестот беше спонтано организиран преку повик на социјалните мрежи, а според проценките, пред владата се собраа од неколку илјади лица , кои бараа оставки од премиерот Никола Груевски и од министерската за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
За време на протестите, со официјална изјава излезе министерката Јанкуловска, која рече дека телефонските разговори објавени од Заев се сечени и монтирани, што предиозвика уште поголем револт кај протестантите.
„Заев продолжува со објавување на материјали кои немаат врска со реалноста сакајќи да го свртат вниманието на јавноста преку злоупотреба на туѓа смрт и семејни судбини … Од неговата прес конференција се потврдија неколку работи не постоеше никаква формална  пријава, немаше сознанија дека има убиство“, изјави Јанкуловска и додаде дека Министерството ги презело сите активности за пронаоѓање на сторителот на убиството на Мартин Нешковски.
По нејзината изјава, протестот излезе од контрола. Полицискиот кордон кој ја штитеше Владата беше пробиен од масата луѓе, се фрлаа јајца и камења кон владината зграда, по што демонстрантите беа разбиени со страна на полицијата со водени топови и димни бомби.
Со повик за смирување на состојбата преку својот фејсбук профил се огласи лидерот на опозицијата, Зоран Заев.
“Како човек и политичар, ве повикувам и апелиран до сите вас кои протестирате пред Владата искажувајќи го вашиот гнев и незадоволство, тоа да го правите на мирен и достоинствен начин”, напиша Заев на фејсбук.

„Не дозволувајте вашето незадоволство да излезе од контрола бидејќи мирот, стабилноста и материјалните добра мора да бидат сочувани. Имајте на ум дека 17. мај е денот на закажаниот сенароден протест, кога мирно и достоинствено, сите заедно ќе покажеме дека сме на страната на слободата, вистината, демократијата и правдата, дека сме на страната на Република Македонија. Не дозволувајте да бидете вовлечени во нешто што никој не го посакува. Истовремено апелирам до безбедносните структури на државата да бидат внимателни во извршувањето на своите задачи и да ја зачуваат безбедноста на сите оние кои во моментов протестираат“, рече Зоран Заев.

За денес во 18.00 часот, се закажани нови протести пред Владата.

One thought on “Повредени граѓани и полицајци на вчерашните протести пред Владата. Денес најавени нови!

  1. Ovaa zloupotreba na eden izguben mlad nevin zivot, za sobiranje politicki poeni, e nadvor od site moralni, covecki normi. Ostavete go deteto da pociva vo mir. Negoviot ubiec si ja sluzi kaznata, sto sakate poveke. Sto ke vi bide dovolno?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×