Power AD од Струмица во групата на 50 напредни конкурентни старт-ап бизниси од целиот свет
Објавено на од во Економија

Македонскиот иновативен бизнис PowerAD од Струмица е селектиран во групата на 50 напредни конкурентни старт-ап бизниси од целиот свет на форумот на најголеми приватни инвеститори избран од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели.

wbaf

Kако што информираат од Сојузот на стопански комори на Македонија, на Форумот ќе добијат ексклузивна директна можност за финансирање на сопствената бизнис идеја од многубројните инвеститори присутни на годинашниот форум, кои потекнуваат од европските и светски мрежи на бизнис ангели.

„Целосно сме убедени дека овој успех ќе охрабри и многубројни останати македонски носители на иновативни и конкурентни идеи да ги развиваат своите развојни проекти според моделите на WBAF кои поттикнуваат одржлив организациски развој“, изјави Сенаторот на WBAF за Македонија Леонид Наков.

Ксенија Вангелова, директор на BIC-SR – Регионален бизнис центар за иновации истакна дека голем успех е што стартап-от PowerAD од Струмица се најде меѓу првите 50 иноватори на Светскиот форум во огромна конкуренција и додаде дека ова е само почетокот на презентирање на македонските иновативни идеи како потенцијал за вложување од инвеститори и можност за раст на македонските претприемачки проекти.

Форумот се одржува во Истанбул, а македонската делегација ја предводи министерот  задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.

На форумот учествуваат над 1. 000 учесници од регионот и светот, од меѓународни финансиски и државни институции.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×