Позајмени 700 милиони евра преку издавање еврообврзница
Објавено на од во АНАЛИЗА

Glavna fotka EvroobvrznicaДржавата го реализираше најавеното задолжување

Државата се задолжи за 700 милиони евра со издавање на еврообврзница, потврди Министерството за финансии. Рочноста на еврообврзницата е 6 години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година.

 

Државата се задолжи за 700 милиони евра со издавање на еврообврзница, потврди Министерството за финансии. Рочноста на еврообврзницата е 6 години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година.
„Ова ја покажува довербата на инвеститорите во македонската економија и политики, ако се земе предвид дека оваа обврзница се издава во време Covid-19 кризата – најголемата економска криза после Големата депресија, кога сите економии, вклучително и светските економски сили, излегуваат на меѓународниот пазар на капитал за да обезбедат средства за финансирање на потребите за кризата“, истакнуваат од Министерството за финансии.
Иако првично беше најавено дека износот што ќе го бара земјава ќе биде 800 милиони евра, сепак еврообврзницата е помала за стотина милиони евра. Но тоа не се должело на недостиг на пари на пазарот на капитал. Интересот на странските инвеститори за македонската еврообврзница бил 5 пати поголем од износот кој беше издаден. Според Министерството за финансии, ова е уште еден податок, покрај поволната каматна стапка, што укажува на доброто позиционирање кај странските инвеститори и нивната доверба во земјава.
„Ова се должи на макроекономската и финансиска стабилност, како и нашата посветеност и успехот постигнат последниве години во евроатланските интеграции“, велат од Министерството.
Evroobvrznica-2Со издавањето на еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд во износ од 176 милиони евра и заемите од Светска банка во износ од 140 милиони евра и од Европската унија од 160 милиони евра кои се преговараат и се извесни, се затвора финансиската конструкција за потребите годинава, односно дефицитот проектиран на 750 милиони евра или 6,8% од БДП со ребалансот, но и обврските по основ на стари долгови од 705 милиони евра. Дополнително, се обезбедуваат и сигурносни средства за справување со евентуален повторен шок и зависно од развојот на настаните делумно финансирање на потребите за следната година.
Земјава на меѓународниот пазар на капитал има излезено 7 пати досега, вклучувајќи ја и последната издадена еврообврзница. Првата еврообврзница е издадена во 2005 година, потоа 2009, 2014, 2015, 2016, 2018 и сега во 2020 година. Најниска камата од 2,75% има еврообврзницата од 2018 година, додека највисока во 2009 година од 9,875%, во време на светска економска криза.
За што ќе се трошат позајмените пари?!
Ова поголемо задолжување на меѓународниот пазар доаѓа во време кога приходите во Буџетот се намалија значително поради Големото затворање на цело општество со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Тоа предизвика целосно прекројување на Буџетот преку ребаланс што го усвои Владата.
Според ребалансот, приходната страна на буџетот се намали за 11,5% и изнесува 3,2 милијарди евра, додека расходната страна се зголемува за 1,4% и истата изнесува 3,95 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 6,8% од БДП и е во линија со проекцијата на Европската комисија.
Evroobvrznica-1Министерката за финансии Ангеловска истакна дека меѓу другото, ребалансот предвидува финансирање на сите антикризни мерки за ублажување на негативните последици врз економијата коишто се проценуваат на околу 550 милиони евра.
„Како Министерство за финансии направивме три сценарија за приходната страна на буџетот. Со ребалансот на буџетот се имплементира всушност најоптималното прво сценарио. Предвидено е кратење на приходите за 11,5%, на расходната страна, а има благ раст на зголемување на трошоците. Споредено со другите земји каде расходната страна се зголемува повеќе, ние го коригиравме само со 1,4%. Имајќи го во предвид Covid-19 и средствата за помагање на економијата, овие средства се обезбедуваат од буџетот. Раст има во расходите на Министерството за економија, за образование, за здравство“, истакнаа од Министерството за финансии.
Ребалансот на Буџетот е направен врз основа на прогноза за пад на бруто домашниот производ за 3,4%. Сите други прогнози за економијата годинава се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ.
Токму притисокот од негативните економски последици, ги натераа властите и овде и ширум светот да размислуваат за фискални мерки со коишто ќе им помогнат и на граѓаните и на бизнисите да ја преживеат оваа криза.
А обемот на фискалните мерки што ги презема државата во насока да им помогне на најпогодените компании од оваа криза директно зависи од можноста за обезбедување на пари. Во услови кога јавните приходи паѓаат, задолжувањето е биде клучно за да може државата да ги финансира сите основни потреби и дополнително да финансира помош за бизнисите и граѓаните преку посебни антикризни мерки.
Финансирање на антикризните мерки
Кај нас, досега Владата усвои три пакети антикризни мерки. Првите два коишто беа повеќе насочени кон поддршка на бизнисот преку бескаматни кредити и буџетско финансирање на плати во износ еднаков на минималната плата за работници од сите погодени индустрии, додека пак третиот пакет е главно насочен кон поддршка на најранливите групи граѓани.
Последниот трет пакет антикризни мерки, меѓу другото вклучува платежни картички по 9.000 денари за купување домашни производи за околу 100 илјади граѓани што имаат помали приходи од минималната плата; потоа платежни картички и ваучери по 9.000 денари за домашен туризам со кои се трагетираат исто така околу 100.000 граѓани со приходи под минималната плата; викенд без ДДВ за сите граѓани за купување домашни производи; паричен надомест за сите кои останале без работа во март и април; но и неколку мерки за поддршка на бизнисите како бескаматни кредити од Развојната банка во вредност од 31 милиони евра, уште 25 милиони евра од Буџетот за освојување нови пазари и поголема конкурентност, финансирање на обуки, како и повеќе мерки насочени за поддршка на земјоделството.
Според процените, од сите досегашни мерки бенефит ќе имаат над 730 илјади граѓани.
Економистите оценуваат дека третиот сет на економски мерки кои Владата ги донесе за амортизирање на ударот од пандемијата со коронавирусот, ќе ја поттикне потрошувачката и со тоа на краток рок ќе се забрза економската активност.
Но, според нив, и со вториот пакет се постигнал вистинскиот ефект, со кој, државата им помага на фирмите да ги исплатат платите на работниците и да се сочуваат голем број на работни места.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×