Позитивна нула во првиот квартал, неизбежен драстичен пад во вториот
Објавено на од во COVER STORY

Zelezara-MAKSTIL-PopovskiFilip042 koronaСтатистиката ги потврдува лошите економски прогнози

За само две недели колку што важеа строгите ограничувачки мерки во март, се покажа дека предизвикале сериозни последици врз бруто домашниот производ за цел прв квартал. Државниот завод за статистика објави дека од јануари до март, БДП сосема малку пораснал споредено со истиот период лани, односно евидентиран е економски раст од само 0,2%. Меѓутоа, стагнацијата во првиот квартал несомнено ќе премине во остар пад на економската активност во вториот, кога се очекува намалување меѓу 12% и 15%, бидејќи во април и мај постојано беше на сила полициски час во цела земја. Засега статистиката ги објави првичните податоци за април коишто навестуваат драматичен негативен тренд на економската активност. Индустриското производство во четвртиот месец од годинава, се намалило за 33,5%. Целата трговска размена во април е преполовена, односно евидентиран е пад од 54,6%, со што вкупно имаме размена од 584,7 милиони евра. Извозот во овој месец е намален за дури 60,3% споредено со истиот месец лани и изнесува 211,3 милиони евра, додека пак увозот паднал за 50,9%, на 373,5 милиони евра.

 

Статистиката почна да ги потврдува со прецизни бројки негативните економски движења во земјава од март наваму, откако властите почнаа да воведуваат рестриктивни мерки со коишто се ограничи движењето на луѓето и привремено се затворија многу бизниси, за да се забави ширењето на коронавирусот.
За само две недели колку што важеа строгите ограничувачки мерки во март, се покажа дека предизвикале сериозни последици врз бруто домашниот производ за цел прв квартал. Државниот завод за статистика објави дека од јануари до март, БДП сосема малку пораснал споредено со истиот период лани, односно евидентиран е економски раст од само 0,2%. Нула ама позитивна што би се рекло.
По одделни дејности во економијата, најголем пад од 5,1% има секторот рударство и вадење на камен, преработувачката индустрија, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, снабдување со вода, отстранување на отпадни води и управување со отпад.
Гледано само кај преработувачката индустрија, издвоено, минусот е 1,3%.
Исто толкаво намалување од 1,3% има и кај дејностите трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Пад од 2,8% е регистриран кај стручните, научните и техничките дејности, заедно со административни и помошни услужни дејности, додека, пак, за 1,9% паднала економската активност во финансиските дејности и осигурувањето. Минус има и кај јавната управа и одбрана, задолжителното социјално осигурување, образованието, дејностите на здравствената и социјалната заштита, и тој изнесува 0,9%.
Од секторите коишто сепак имаат позитивни резултати во првиот квартал, може да се издвои дејноста информации и комуникации, каде има раст од 10,4% и најверојатно истиот тренд ќе продолжи и понатаму бидејќи работењето од дома им овозможи на вработените да работат со планираниот интензитет без оглед на рестрикциите за движење.
Дејностите во врска со недвижен имот пораснале за 6,5%, додека, пак, кај уметноста, забавата и рекреацијата, потоа другите услужни дејности и дејностите на домаќинствата како работодавачи, порастот изнесува 5,2%. Во зоната над нулата и земјоделството, и тоа за 2,8%.
Градежништвото, пак, секторот кој претходните години беше главен мотор на растот, бележи плус од само 1,5%.
Ако БДП се гледа според расходниот метод, пак, финалната јавна потрошувачка пораснала за 2,4%, а онаа на домаќинствата послабо, за 1,2%. Кај бруто инвестициите има пад од 0,5%. Во зоната на минусот отишле и извозот и увозот, односно извозот е намален повеќе, за 5,4%, додека, пак, увозот паднал за 3,2%.
Меѓутоа, стагнацијата во првиот квартал несомнено ќе премине во остар пад на економската активност во вториот, кога се очекува намалување меѓу 12% и 15%, бидејќи во април и мај постојано беше на сила полициски час во цела земја.
cover-3aКатастрофален април
Засега статистиката ги објави првичните податоци за април коишто навестуваат драматичен негативен тренд на економската активност.
Индустриското производство во четвртиот месец од годинава, се намалило за 33,5%.
Гледано по сектори, забележан е огромен пад на производството во преработувачката индустрија од 40,5% и тоа во речиси сите сектори, како производството на прехранбени производи, на пијалаци, на тутунски производи, на текстил и на облека, производство на други неметални минерални производи, производство на метали. Индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 17%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,1 %.
Целата трговска размена во април е преполовена, односно евидентиран е пад од 54,6%, со што вкупно имаме размена од 584,7 милиони евра.
Извозот во овој месец е намален за дури 60,3% споредено со истиот месец лани и изнесува 211,3 милиони евра, додека пак увозот паднал за 50,9%, на 373,5 милиони евра.
Слични бројки се очекуваат и за мај, додека пак неизвесноста продолжува и во последниот месец од вториот квартал откако коронавирусот повторно се прошири и доведе до затворање на некои фабрики, особено од текстилната индустрија.
cover-3a1Проценките на Министерството за финансии се веќе во третиот квартал да има благо закрепнување, а раст дури во четвртото тримесечје.
„Најголемиот удар го очекуваме во вториот квартал. Сега бројките не се официјално објавени, но сите неофицијално ги соопштуваат своите проекции и во која насока се движат истите. Би кажала дека предвидуваме во вториот квартал најголема контракција на економијата со износи од околу 15%. Понатаму веќе, благо опоравување во третиот квартал и позитивен раст во четвртиот квартал“, изјави неодамна министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Од Институтот Finance Think велат дека ја задржуваат проекцијата за намалување на БДП во вториот квартал за 12,7%, додека, пак, според нив, цела година, економијата на земјава би отишла во негатива од 3,8%.
„Но, двете проекции се под особено изразени негативни ризици, во целост детерминирани од времетраењето на индуцираната контракција и отежнетото движење предизвикани од Ковид-19. Особено, овие проекции се изградени врз претпоставката за значајно олабавување на рестрикциите кон крајот на мај 2020, што може да не се случи во услови на втор пик од пандемијата во истиот период“, нагласуваат од овој Институт.
Мерките го амортизираат ударот
Финансиската поддршка од 14.500 денари по работник, надополнета со субвенционирањето на придонесите во висина од 50% кај најзасегнатите сектори во транспортот и угостителството овозможила зачувување на околу 80% од работните места кои биле високопогодени и било извесно дека ќе бидат затворени, покажуваат податоците од симулацијата направена од Finance Thinnk.
Со овие мерки се зачувале околу 75 илјади работни места кои биле под висок ризик да бидат изгубени.
Според овој Институт, фискалниот трошок на државата се проценува на 93,2 милиони евра за оваа мерка. Од овој износ, 5,9 милиони евра месечно, односно 11,8 милиони за двата месеца отпаѓаат на најпогодените сектори во транспортот и угостителството, со покривање од околу 22 илјади работници. Дополнителни 810 илјади евра изнесува финансискиот трошок за мерката за субвенционирање на половина од придонесите во транспортот и угостителството.
Симулацијата покажува дека околу 32 илјади работни места во најпогодените сектори и околу 43 илјади работни места во високо погодените сектори биле под ризик да бидат уништени. Вкупниот износ на работни места кои би биле изгубени поради кризата се проценува на 75 илјади што претставува 9,2 % од вкупните вработени во државата.
Резултатите покажуваат дека без финансиска поддршка на претпријатијата за задржување на работните места, стапката на невработеност би изнесува 23,9%.
А Владата одлучи оваа мерка да продолжи да важи и во јуни.
Mинистерката за финансии, Нина Ангеловска изјави дека мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за работодавачите заради исплата на плати се продолжува за уште еден месец.
„Со продолжувањето ќе се даде поддршка на сите компании кои и во текот на месец јуни ќе се соочат со пад на приходите поголем од 30%, со цел да ги задржат работниците и платите на соодветно ниво. Согласно барањата од бизнис заедницата и направените аналзи, како и согласно можностите, Владата ја усвои Уредбата за изменување со која се предвидува продолжување на мерката и за месец јуни“, информира Ангеловска.
cover-2aМерката е дел од вториот сет мерки, креирана за периодот во кој економијата и компаниите се соочија со најголемиот удар, кога беа на сила рестриктивните мерки и целосно затворање, додека сега се наоѓаме во фазата на постепено реотворање на економијата и период на заживување.
„Согласно тоа очекуваме дека потребата за користење на мерката за јуни ќе биде помала, но секако кога имаме простор ја даваме можноста да ги помогнеме сите на кои ќе им биде потребна поддршката.Третиот сет на мерки креиран за фазата на заживување усвоен од Владата предвидува значајна поддршка за стопанството и директна финаннсиска поддршка за зголемување на конкурентноста и забрзување на опоравувањето во следниот период. За таа цел беше усвоена и Уредбата за финансиска поддршка за зајакнување на конкуренстноста и поттикнување на инвестициите и индустријата со која ќе биде ставена на располагање финансиска поддршка од 20 милиони евра“, додава министерката.
Властите кај нас донесоа три пакети антикризни мерки во вредност од околу 550 милиони евра за да ги ублажат негативните последици врз економијата од оваа здравствена криза и засега интересот од фирмите е голем.
Последниот трет пакет антикризни мерки со кој се опфаќаат околу 325 илјади граѓани, меѓу другото вклучува платежни картички по 9.000 денари за купување домашни производи; потоа платежни картички и ваучери по 9.000 денари за домашен туризам; викенд без ДДВ за сите граѓани за купување домашни производи; паричен надомест за сите кои останале без работа во март и април; но и неколку мерки за поддршка на бизнисите како бескаматни кредити од Развојната банка во вредност од 31 милиони евра, уште 25 милиони евра од Буџетот за освојување нови пазари и поголема конкурентност, финансирање на обуки, како и повеќе мерки насочени за поддршка на земјоделството.
Од Делегацијата на ЕУ во Скопје, оценија дека мерките на Владата за ублажување на последиците од кризата во економијата се издржани и очекуваат да дадат резултати.
„Ние сметаме дека имаат смисла, генерално. Владините мерки се прилично слични со оние што членките на ЕУ ги преземаа, ако ја видиме големината, целиот пакет изнесува околу 5,5% од БДП што е повеќе или помалку на линија со околните земји во регионот. Кога ги гледам мерките засебно, тие се логични, имаат за цел да обезбедат ликвидност во економијата, да го зачуваат вработувањето во приватниот сектор, и исто така да спречат банкроти на компаниите. Првите два пакети имаа за цел да обезбедат бескаматни кредити, субвенции за платите и социјалните придонеси, одложување на даноците, а сега минатата недела видовме поголема поддршка за ранливите групи односно сиромашните граѓани. Мислам дека сите имаат смисла, но важно е што континуирано се дискутираат со социјалните партнери, со синдикатите, организациите на работодавачи, стопанските комори, за да бидеме уверени дека се релевантни во целото општество“, велат од ЕУ Делегацијата во земјава.
Прогнозите за до крајот на 2020 неизвесни
Отсега не може никој прецизно да каже колкав ќе биде ефектот на пандемијата врз економијата. Меѓуународните финансиски институции прогнозираат дека македонската економиија ќе падне во рецесија а проценките се движат од пад на БДП од -3,2% според Светската банка, -3,5% според Народната банка и ЕБОР, намалување од -3,9% колку што е проекцијата на Европската Комисија, па до рецесија од -4% според ММФ.
Но, меѓународните финансиски институции претпоставуваат уште едно сценарио како реално доколку во меѓувреме не се пронајде ефикасна терапија или вакцина, а тоа е пролонгирање на пандемијата до крајот на 2020 година. Па така ММФ прогнозира дека доколку пандемијата продолжи со несмален интензитет и следните неколку месеци, глобалниот економски раст ќе се намали дополнително за 3 процентни поени, на – 6%.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×