Познан донесе 43 милиони евра за Македонија, Србија и Kосовo и натаму во клинч
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Во Познан, Полска, на 4 и 5 јули се одржа шестата конференција на Западен Балкан како дел од “Берлинскиот процес”. Следниот самит ќе се одржи во Северна Македонија и во Бугарија. Немаше многу очекувања од Конференцијата за Западен Балкан, која заврши вчера во Познан. Сигналот кој беше испратен до Западен Балкан гласи: „Пари за чекање“, пишува Дојче Веле.
берлин самит познанПари за проекти
Беа одобрени 8 нови инфраструктурни и енергетски проекти во износ од 700 милиони евра. Од ова, 180 милиони дополнителна помош, а остатокот ќе бидат кофинансирани од влади и заеми од европските банки.
Парите за овие проекти одат директно во Северна Македонија, којашто комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан ја нарече “блескав пример” за целиот регион.
Германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш имаше пофалби за Северна Македонија:
“Не знам никого во ЕУ кој не е зачуден од она што е постигнато од Грција и Северна Македонија”. Таа е “ослободена”, бидејќи и’ е отворен  за преговорите за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ и НАТО.
Оваа земја, исто така, доби нова улога во берлинскиот процес: Заедно со Бугарија, следната година ќе го преземе претседателството на балканскиот процес. “За нас е голема чест како кандидат за членство сега да ги координираме комплексните проекти со еден член на ЕУ”, изјави за новинарите премиерот Зоран Заев.
Србија и Косово кочат
Спроведувањето на проектите е отежнато од конфликтот меѓу Србија и Косово. Самитот во Познан не можеше да донесе ништо ново овде. Премиерите на двете земји постојано меѓусебно се’ обвинуваа.
На пример, српската премиерка Ана Брнбабиќ рече дека поради 100-процентната царина што ја наметна косовската влада за стоки од Србија, овие две земји сега за првпат бележат пад на трговијата.
“Исто така, ја оштети довербата меѓу земјите во регионот”, забележува Брнабиќ.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, сепак, не сака да ги укине царините и инсистира на тоа Србија да ја признае неговата земја.
Признавање на дипломите
Сепак, една добра вест од Познан: признавање на универзитетските дипломи. Сепак, на Конференцијата за Западен Балкан немаше можност да се постигне согласност за признавање и на пониски професионални квалификации, барем за некои високо квалификувани занимања.
Но, дури и ова мало постигнување помага, на пример, ако на косовските граѓани им е потребна виза за да влезат во Босна и Херцеговина или ако возачот на камионот чека со часови на царина поради недостаток на политичка волја да се спојат царинските управи, рече со жалење секретарката на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу .
“Ни требаат повеќе успешни приказни, во спротивно може да се среќаваме само на самити, но нема да бидеме во можност да го задржиме пламенот на мотивацијата – перспектива во ЕУ”.
Конференцијата со претставниците на владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска и Словенија, како и земјите-домаќини, Германија, Австрија, Франција, Италија и Полска, треба да се одржи следната година. Домаќни ќе бидат Бугарија и Северна Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×